Американскиот Претставнички дом изгласа кусорочно зголемување на лимитот за долгот

Претставничкиот дом на САД, кој е под тесна контрола на деморкатите, во вторникот изгласа закон со кој привремено го зголеми ограничувањето на износот за кој администрацијата може да ја задолжи државата на 28,9 билион долари, со што најголемата светска економија би го избегнала банкротот до декември.

Демократите ја одржаа партиската дисциплина за да мине тешко изгласаното зголемување на лимитит на долгот од 48- милијарди долари. Гласањето одеше по партиска линија, со секое „да“ на демократите одеше „против“ од страна на републиканците.

Се очекува дека демократскиот претседател Џо Бајден ќе го потпише законот пред 18-ти октомври, кога министерството за финансии процени дека повеќе нема да може да ги исплаќа државните долгови без мерки од Конгресот.

Одобрувањето во Претставничкиот дом ја отстрани загриженоста дека САД првпат ќе банкротираат, но со привременото продолжување продолжува битката меѓу двете партии.

„Привремено спречивме криза во пресрет на истекувањето на рокот следната седмица, но во декември членовите на Конгресот че моа да решата да ја стават државата пред партијата и да спречат неисполнување на обврските“, изјави демократскиот пратеник Ричард Нил, претседателот на комисијата за финансирање при Претставничкиот дом.

Републиканците инсиситрираат на тоа дека демократите би требало да ја преземат исклучиво одговорнста за зголемување на лимитот на долгот, бидејќи нивната партија сака да потроши билиони долари за проширување на социјалните програми и борбата против климатските промени.

Демократите, пак, велат дека зголемување на задолжувањете е многу потребно за наводно да се покијат трошците за намалување на даноците и програмите за потрошувачката во текот на администрацијата на претходниот републикански претседател Доналд Трамп, што републиканците во Конгресот го поддржаа.

Републиканскиот лидер во Сенатот, Мич Мекконел во петокот му напиша на демократскиот претседател Џо Бајдендека нема да соработуваат со демократите на уште едно зголемување на лимитот за долгот.

„Нема да учестувам во никакви идни напори за ублажување на последите од лошото управување на демократите“, напиша Мекконел, додавајќи дека уште еден закон за огромна потрошувачка на државни пари би им наштетило на Америакнците и би ѝ помогнало на Кина.

Пратениците, исто така, имаат рок до 3-ти декември да одобрат закони за финансирање на владата и да спречат блокада.

Соединетите држави претходно многупати ги зголемуваа овој фамозен плафон за државата да не остане без пари. Најчесто се се случува во времето на мандатите на демократските претседатели, но до мандатот на Барак Обама републиканците ова прашање го користат и како инструмент за политички притисок.