Американската Комисија за хартии од вредност и берзи (SEC) поднесе обвинение за измама против основачот на компанијата „Tesla“, Илон Маск, поради неговите изјави за намерите уделите во неговота компанија да не бидат јавни.
Претходно американските медиуми објавија дека министерството за правда води кривична истрага за можна измама во врска со изјавите на Илон Маск. По ваквите информации за истрагата, акциите на „Tesla“ паднаа на берзите за 6 отсто.
„Ова дело вклучува низа од лажни и изјави кои доведуваат во заблуда, од Илон Маск, генералниот директот на ’Tesla, Inc’ дадени на 7-ми август 2018 година, кои се однесуваат на тоа дека јавното акционерско друштво ’Tesla’ ќе стане приватно“, се наведува во тужбата поднесена од SEC во окружниот суд на САД во јужниот округ на Њујорк. Во Комисијата сметаат дека изјавите на Маск довеле до „конфузија и судир“ на берзите и предизвикале штети на вложувачите.
Самиот Илон Маск оцени дека обвиненијата се неосновани.
„Овој неразумен чекор на SEC многу ме огорчува и разочарува. Секогаш дејствував во интерес на правдата, транпсарентноста и инвеститорите. Интегритетот е најважната вредност во мојот живот, а фактите покажуваат дека никогаш и на кој и да е начин не сум го нарушил“, изјави Маск за американската телевизиска мрежа CNBC.
Во август годинава на Twitter Макс објави дека осигурил финансирање за купување на акциите на „Tesla“ во слободен промет по цена од 420 долари за делница. Подоцна претприемачот рече дека конечната одлука за тоа уште не е донесена.
Објавувањето на плановите на социјалната мрежа, а не во документите испратени до регулаторот, е невообочаено за големите американски јавни компании. Покрај тоа, медиумите пишуваа дека со плановите на Маск не биле запознаени ниту членовите на управниот одбор на „Tesla“.
Во август, по средбата со инвеститорите, Маск објави дека се откажува од намерата акциите на автомобилската компанија да не бидат на берзата. Тогаш истакна дека одлуката за задржување на актуелниот статус на компанијата се изјасниле мнозинството инвеститори. Втората причина во полза на неговата одлука на претворање на компанијата во приватна и нејавна. Маск ја лоцираше во ваквиот процес кој би пренасочил премногу ресурси и би траел долго.