Американскиот Сенат во четвртокот изгласа две резолуции со кои го блокира планот на претседателот Доналд Трамп за довршување на договорот за продажба на оружје на Саудиска Арабија и на други земји, што е редок случај на спротиставување на републиканците во Конгресот на сегашната администрација во Белата куќа.
За првата од 22-те резолуции, кои се поврзани со минатонеделниот обид на претседателот Доналд Трамп да ја заобиколи одлуката на Конгресот и да ја доврши продажбата на оружје на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и други земји, во износ од 8 милијарди долари, гласаа 53 претставници, а 45 беа против. За втората резолуција соорносот беше идентитечен 53 наспроти 45 гласа.
Неколкумина републиканци изгласаа заедно со демократите проддршка за резолуциите, а Конгресот ја притиска администрацијата на Трамп поостро да одговори на она што американските законодавци го сметаат за кршење на човековите права во Саудиска Арабија.
Лидерот на сенатското мнозинство, Мич Мекконел, повика да не се гласа за резолуцијата. Ги истакна тензиите со Иран и напомна дека за Вашингтон е важно да се држи покрај Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
„Да не се одвојуваме од нашите партнери. Да не ја ограничуваме администрацијата во време на толку чувствителна дипломатија“, рече Мекконел.
Неколку часа пред гласањето, беше потврдено дека Иран во четвртокот утрото соборил американски дрон за собирање податоци, што поттикна нови стравови од можна ескалација на воен судир во Персискиот залив.
Кларк Купер, помошник на американскиот државен секретар за политичко-воени прашања изјави за новинарите во теледонско обраќање дека САД и Велика Британија имаат долготрајни билатерални односи со Саудиска Арабија, и покрај „тешките ситуации“, како што ги нарече. Купер ова го изјави откако од него беше барано да ги коментира одлуките на британскиот суд кој заклучил дека Обединетото Кралство го прекршило законот дозволувајќи одредени оружја на Саудиска Арабија.
Во меѓувреме и неколку невладини здруженија ја повикаа Франција да го следи примерот на Велика Британија која забрани нови договори за продажба на британско оружје на Ријад, за да се користи во судирот во Јемен. Германија уште во ноември 2018 година поради саудиското мешање во јеменскиот судир, но и поради случајот со убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул ланскиот 2-ри октомври, за коешто според сомневањата налогодавачите се во врвот на власта во Саудиска Арабија, на неодредено време ги запре натамошните испораки на оружје за оваа земја.
Саудиска Арабија од 2015 година интервенира во соседен Јемен предводејќи ја арапската сунитска коалиција која ги поддржува провладините сили во борбата со побунетото шиитско племе Хути, коишто ги помага Иран. Невладината организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) нападите и на двете страни ги квалификува како „воени злосторства“. Американската непрофитна организација за истражувања во зоните на конфликти (Armed Conflict Location and Event Data Project – ACLED), проценува дека во јеменскиот конфликт животите ги загубиле повеќе од 60.000 Јеменци. Околу 3,3 милиони луѓе се раселени, а 24,1 или повеќе од две третини од јеменското население има потреба од хуманитарна помош, а 10 милиони патат од екстремно ниво на глад, се наведува во изврштајот на Обединетие нации.