Американскиот Сенат го одобри буџетот, но предоцна да се избегне блокадата на владата

Американскиот Сенат го прифати рано утрото во петокот двегодишниот буџет и законот за привременото финансирање влада, меѓутоа предоцна за да се спречи блокадата на сојузните институци којашто настапи на полноќ по локално време, што се оценува како удар за Конгресот во кој доминираат републиканците.

Прекинот на работата на владата технички настапи на полноќ, и тоа е веќе вторпат во оваа година во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, кој имаше мала улога во обидите на партиските челници претходно оваа седмица да ги прекинат натегањата околу буџетот кои траат со месеци наназад.

Буџетот на две години и законот за привремено финансирање на владата изгласан е со поддршка на 71 сенатор напсроти 28, а сега мора да влезе и во Претставникиот дом, а според најавите таму пратениците на Демократската партија нема да го поддржат.

Прифаќањето на буџетот во Сенатот доцнеше поради тоа што републиканскиот Сенатор од сојузната држава Кентаки, Ренд Пол, дури девет часа говореше против претераната потрошувачка.

Меѓутоа, блокада на владата би можела да да биде куса. Доколку Претставничкиот дом брзо реагира, практички нема да има прекин во функционирањето на сојузната држава. Доколку во тоа не се успее, оваа блокада ќе потрае, по првата којашто во јануари траеше три дена.

Во својот маратонски говор поради кој колегите го загубија трпението, сенаторот Ренд Пол рече дека големиот буџет всушност претставува „грабеж на министерството за финансии“.

Буџетот е зголемен за 300 милијарди долари за да се задоволи на барањето за зголемување на трошоците за одбраната, како и за јавната потрошувачка во текот на двете следни години.

Пентагон добива 80 милијарди долари зголемување за тековната буџетска година за основните одбранбени програми, што е зголемување од 14 отсто во однос на моменталната состојба и го надминува барањето на претседателот Трамп за 26 милијарди долари. Неодбранбените програми добиле околу 60 милијарди долари повеќе од сегашната сума. Овие бројки благо се зголемиле за фискалната 2019 година којашто започнува на 1-ви октомври.

Договорот во Сенатот содржи и речиси 90 милијарди долари за помош на сојузните држави Тексас, Флорида и Порторико кои беа опустошени од урагани и други природни катастрофи.