Американскиот Сенат поблиску до потврдата на Барет за судијка во Врховниот суд

Американскиот Сенат, во кој мнозинството го имаат републиканците, се приближи во неделата кон конечно потврдување на кандидатката за Врховниот суд, Ејми Кони Барет. кое се очекува во понеделникот навечер, една седмица пред одржувањето на американските претседателски избори на 3-ти ноември.

Сенатото во неделата попладнето по локално време гласаше со 51 глас „за“ и 48 гласови „против“ главно по партиска линија, да се ограничи расправата за номинацијата на досегашната судијка на федералниот Апелационен суд за седмиот округ, подготвувајќи го теренот за конечното гласање, коешто според медиумите се очекува во понеделникот вечерта.

Имајќи предвид дека републиканците имаа мнозинство во Сенатот со 53 гласа наспроти 47 на демократите, и имајќи предвид дека ништо не упатува на несогласување во редовите на републиканците против номинацијата на кознервативната судијка Барет која треба да ја земени починатата либерална судијка Рут Бејдер Гинзбург, речиси е извесно дека таа ќе ја преземе доживотната должност. На тоа се противеа демократите кои бараа изборот да се одржи по претседателските избори, сметајќи на победа на нивниот кандидат Џо Бајден, но според анкетите во изборите за Конгресот се очекува републиканците дури и да ја зголемат својата предност. Велат дека досега ниеден кандидат за Врховниот суд не бил потврден во Сенатот толку блиску пред претседателските избори.

На општите избори на 3-ти ноември во САД ќе се гласа за претседателот и потпретседателот на државата, за сите 435 членови на Претставничкиот дом и за една третина од Сентатот на Конгресот, како и за гувернери на 13 сојузни држави и територии..

Само две републикански сенаторки, Лиза Мурковски од Алјаска и Сузан Колинс од Мејн се спротиставија на временското ограничување на расправата во Сенатот. Но Мурковски во саботата потврди дека сепак ќе гласа за именувањето на Барет.

Со Ејми Барет, Врховниот суд на САД би имал мнозинство од шест конзервативни судии наспроти тројца либерални, што би можело да трае со децении, имајќи предвид дека нивниот мандат е доживотен, или доколку станува збор за здравствена попреченост.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува дека Врховниот суд ќе одлучи за победникот на изборите и јасно даде до знаење дека сака Барет да учествува во носеењетоодлука за сите постпаки поврзани со изборите.

И претходно се очекуваше дека Трамп ќе ја номинира 48-годишната сојузна судијка Барет, која беше фаворит на Републиканската партија поради нејзините поранешни ставови за абортусот, имигрантите и правото на оружје. Тоа се случи на 27-ми септември, па потврдата би Барет се случила 30 дена по нејзиното предложување. Претседателот Трамп во текот на својот мандат именуваше двајца конзервативни судии, Нил Горсач во 2017-та, и Брет Кавано во 2018 година. Од номинирањето на Горсач до изборот во Сенатот минаа 67 денови, додека Кавано следната година беше именуван за 89 дена.