Американските „мидтерм“ избори – референдум за Бајден

Дали американскиот претседател Џозеф Бајден и неговите демократи ќе успеат да ги задржат тенките мнозинства во Конгресот или, пак, контролата над Претставничкиот дом и Сенатот ќе ги преземат републиканците и ќе се обидат да ги попречуваат неговите политики

Одговорите на овие прашања ќе бидат добиен на 8-ми ноември, кога се одржуваат ткн „мидтерм“ односно изборите на средината од мандатот на претседателот за новиот состав на американскиот парламент.

Американците во вторникот ќе го бираат целиот состав на Претставничкиот дом – долниот дом на Конгресот и третина од горниот дом – Сенатот, како и гувернери на 36 од 50-те сојузни држави.

Овие избори, така, може да се гледаат и како референдум за Бајден и речиси е непишано правило дека партијата којашто е на власт во Белата куќа на „мидтерм“ изборите го губи мнозинството во Конгресот.

На гласачките ливчиња се сите 435 парламентарци во Претставничкиот дом. Во Сенатот мандатот трае шест години, па сега се избираат малку повеќе од третина од стотината пратеници, односно 35. Новите пратеници и сенатори мандатот ќе го започнат на 3-ти јануари следната година.

Американците избираат и голем дел од гувернерите и низа локални функционери, коишто ќе одлучуваат за политиките на своите сојузни држави кога станува за жешките теми како што се абортусот, климатските промени и други важни теми.

Поради сето тоа, ефектот од овие извори ќе се почувствува во целата земја. Затоа претседателот Бејден, кому многу Американци сѐ уште му го оспоруваат мандатот и остануваат приврзани на теоријата на неговиот републикански противник Доналд Трамп за наводно лажирање на изборите пред две години, ги моли Американците да му овозможат доволно мнозинство за да ги заобиколи парламентарните правила кои во моментов му оневозможуваат легализација на абортусот во целата земја или забрана на јуришното вооружување.

„Американците имаат избор. На гласачките ливчиња се наоѓаат и абортусот, огненото оружје, здравствениот систем“, очајно изјави Бајден во неодамнешното обраќање.

Републиканците, пак, ветуваат дека ќе водат жестока борба против инфлацијата и кризата со големата зависност на Американците од опиоиди, како и дека ќе ги продолжат напорите за забрана на натпреварување на порано мажите спортисти кои се прогласуваат за трансродови личности и се натпреваруваат подоцна во конкуренција со жените.

Меѓутоа, ветија и дека ќе отворат низа парламентарни истраги за Џо Бајден, неговиот советник во времето на пандемијата Антони Фаучи и министерот за правосудство Мерик Гарланд…, доколку го освојат мнозинството во Претставничкиот дом.

Исто така, планираат да ја затворат комисијата која сѐ уште го истражува упадот во Конгресот од страна на приврзаниците на Трамп кои веруваат дека минатите претседателски избори беа украдени во полза на Бајден. Но најавуваат и многу други истраги кои може да бидат непријатни за водечките демократи.

А според истражувањата на јавното мнение, републиканската опозиција има голем изгледи да им презема на демократите најмалку 10 до 20 места во долниот дом, што би им било доволно за мнозинство. Анкетите се помалку сигурни кога станува збор за Сенатот, и демократите се надеваат дека таму може да го одбранат исклучително тесното мнозинство.

Но надвладува мислењето дека силно политички поларизираните Американци овие избори ги гледаат како референдум за политиките на Бајден. Но тие ќе претставуваат и голем тест за политичката иднина на Трамп, кој е целосно внесен во кампањата на Републиканската партија и организира бројни собири на конзервативците ширум земјата. За двајцата, доста возрасни политичари кои размислуваат за повторна кандидатура на претседателските избори во 2024 година, резултатите од „мидтерм“ изборите ќе значат залет за едниот и намалува на ентузијазмот на другиот.