Американските податоци сведочат за ширење на коронаинфекциите меѓу целосно вакцинираните

Околу 25 отсто од жителите на округот на Лос Анџелес кои во периодот од 25-ти јули се заразиле со новиот коронавирус биле целосно вакцинирани и тоа било во периодот на острото ширење на позаразната делта варијанта на вирусот, објавија американските власти кои планираат дополнителната доза од вакцината по шест а не по осум месеци.

Податоците објавени во седмичниот извештај на американскиот национален Центар за контрола и превенција на болестите (CDC), покажуваат остро ширење на коронаинфекциите меѓу целосно вакцинираните со двете дози.

Во CDC сакале да утврдат дали на Американците ќе им биде потребна третата доза од вакцината против Covid-19 за да бидат посилно заштитени. Владините научници минатата седмица изработија стратегија за довакцинирање со третата доза, што би требало да започне на 20-ти септември.

Новите податоци објавени опфаќаат повеќе од 43.000 пријавени случаи на заразата меѓу жителите на лосанџелескиот округ повозрасни од 16 години. Од нив 10.895 или 25,3 отсто биле целосно вакцинирани, а 1.431 или 3,3 отсто биле делумно вакцинирани, додека 30.901 или 71,4 осто биле невакцинирани.

Вакцината, сепак, заштитила од потешка форма на болеста. Истражувањето покажува дека 3,2 отсто од целосно вакцинираните кои биле заразени со вирусот биле хоспитализирани, само 9,5 отсто биле лекувани на одделите за интензивна нега, а 0,2 отсто биле приклучени на респиратори.

Истовремено, весникот The Wall Street Journal пишува дека американските здравствени регулатори би можеле да ја одобрат третата доза од вакцината против Covid-19 кај возрасните шест месеци по целосната имунизација наместо претходно најавените осум месеци.

Одобрувањето за дополнителната „бустер“ доза од вакцините на „Pfizer/BioNTech“, „Moderna“ и „Johnson&Johnson“ во САД ќе започне од 20-ти септември.

Од „Pfizer“ и „Moderna“ веќе го започнале процесот за аплицирње за одобрување на дополнителната трета доза кај сите повозрасни од 16 години, велејќи дека таа доведува до трикратно зголемување на антителата против коронавирусот.

Од „Pfizer“ наведоа дека 306 луѓе кои ја добиле третата доза, меѓу пет и осум месеци по втората покажале ниво неутрализирачки антитела кои била 3,3 пати повисока од она по втората доза.

Студијата, чиишто поединости сѐ уште не се објавени, исто така, утврдила дека нуспојавите при примање на третата доза се слични на оние по второто инјектирање, вклучително благ до умерен замор и главоболка, додаваат од „Pfizer“.