Американските сенатори Џонсон и Марфи денеска во посета на Косово

Американските сенатори, републиканецот Рон Џонсон и демократот Крис Марфи денеска ќе престојуваат во Приштина, каде, според најавите ќе разговараат со косовските власти за преговарачкиот процес за нормализација на односите со Белград.

Американските сенатори ќе имаат средби со сите политички лидери, претседателот на Косово Хашим Тачи, како и со претставници на невладините организации.

Посетата на американските сенатори се случува на два месеци пред одржувањето на парламентарните избори, закажани за 6 октомври, откако Рамуш Харадинај поднесе оставка на премиерската функција.

Марфи и Џонсон планираа да ја посетат Русија, но руските власти одбија да им издадат визи. Наместо тоа, тиа испланираа посета на Украина, Србија и Косово.