Американските трупи изведоа десант во Естонија како дел од најголемите маневри во 25 години

Повеќе стотици американски падобранци со воена опрема и техника изведоа ноќен десант кон саботата на аеродромот Нурмси во балтичката земја Естонија во рамките на воените маневри под назив „Swift Response“, соопшти естонската армија.

„Изминатата ноќ на аеродромот Нурмси можеа да се видат стотици падобранци. Наголемиот дел од десантаната единица пристигна во Естонија директно од САД, од сојузната држава Северна Каролина. Истоварувањето од воздух се спроведуваше ноќта во тактичко опкружување колку што е можно поблиску до реалноста“, се наведува во соопштението на естонската армија.

Главниот штаб на естонските Сили на одбраната прецизира дека во десантот учествувале повеќе од 700 војници од 82-та воздушна дивизија на американската армија. Кои по изведените маневри се упатиле кон центарлниот полигони во земјата

Маневрите ги следел естонскиот претседател Керсти Каjулаид. На маневрите ќе учествува и командантот на америакснкиет сили во Европа и Африка, генералот Кристофер М. Каволи, командант на 8-от воздушно-десантен корупс генералот-потполковник Мајкл Е. Курила и командантот на 82-та воздухопловна-десантна дивизија генерал-мајорот Кристофер Донах.

Според објавите, во текот на активностите во рамките на „Swift Respons“ околу 2.500 војници од Естонија, САД и Велика Британија кои увежбуваат одбрана на балтичката земја во случај на воена криза во регионот. Вежбите се одржуваат со поддршка на 20 авиони и 25 хеликоптери, а ќе завршат на 14-ти мај, според соопштението на естонската војска.

Маневрите „Swift Response“ започнаа во Естонија во близина на руските граници на 5-ти мај, во која учествуваат 1-та пешадиска бригада на естонската армија, баталјонот на НАТО стациониран во оваа балтичка земја, како и други единици. Тие се дел од најголемата воена вежба на силите на САД во Европа под називот „Defender Europe“, којашто започна во март и ќе трае до јуни, во кои се вклучени околу 28.000 војници од 26 земји на Алијансата, а е одвива на повече од 30 полигони за обука во 16 земји.