(ВИДЕО) Американските војници отвориле оган врз цивили во Сирија, Русите спречиле ескалација

Четиринаесетгодишно дете загинало а уште еден цивил е ранет откако американските војници отвориле оган кон група локални жители источно од североисточниот град Камишли, населен доминатно со Курди, а руска патрола успеала да спречи поголем конфликт, пренесуваат во средата локалните медиуми.

Сириската државана новинска агенција SANA објави дека сириската војска запрела четири американски борбени возила кои отстапиле од најавената траса на контролен пункт пред градот Кирбет Умо, додавајќи дека стотици цивиlи се собрале на контролниот пункт и попречувале американската патрола да мине.

Во извештајот се истакнува дека американските војници тогаш истрелале боева муниција и димни гранати врз масата, при што загинал тинејџер а друг маж бил ранет. Се додава дека разјарената толпа ги нападнала американскиот конвој при што го оштетила возилата, и поради тоа американските сили донеле дополнителни возила за да ги извлечат оштетените.

На уште едено место Бвеир ал-Бусаси, предградие на Камишли, локалното население каменувало американски оклопни возила, принудувајќи ги да застанат. Наводно, голем број претежно млади лица се качиле на едно од нив и го симнале американското знаме.

Посериозен судир меѓу американските војници и жителите на Кирбет Умо бил избегнат благодарение на руските војници, соопшти началникот на рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, генерaл-мајорот Јуриј Боренков.

Боренков истакнал дека руските војници успеале да го спречат конфликтот и да го придружуваат американскиот конвој до неговата база, пренесува агенцијата РИА.

Претходно претставниците на меѓународната коалиција предводена од САД соопшти дека американските војници дејствувале во самообдрана. Додаде и дека во инцидентот бил повреден и еден американски војник, кој добил расекотина од сопственото оружје.