Американските војници имаат поголем ризик од срцеви болести од цивилите

Војниците на Соединетите држави имаат поголем ризик од срцеви заболувања во споредба со цивилите покажува студијата објавена во стручното списание Journal of the American Heart Association.

Споредувајќи ги податоците за повеќе од 263.000 активни војници со речиси 5.000 цивили, научниците откриле дека припадниците на вооружените сили имаат поголем ризик од хипертензија, додека показателот BMI поголем од идеалното е забележан е и кај двете групи испитаници.

„Резултатите нѐ изненадија… Тие се во спротивност со она што го очекувавме кога ја започнавме студијата, имајќи ги предвид редовните здравствени прегледи на војниците и истакнувањето на физичката активност“, рекла една од авторките на истражувањето Лорина Виј, од Универзитетот Пенсилванија.

За да го проучат здравјето на срцето кај војниците и кај цивилите, научниците ги обработувале податоците од 2012 година од редовните процени на здравствената состојба на војниците, со кои се следи медицинската подготвеност на припадниците на американската војска. Добиле медицински податоци за 263.430 активни војници на возраст од 17 до 64 години. Податоците за 4.797 цивили се добиени од одговорите во Националните здравствени и прехранбени анкети (NHANES) од 2011 и 2012 година, кои ги спровел Националниот центар за здравствена статистика.

Само 30 отсто од војниците имале идеален крвен притисок во споредба со 55 отсто цивили. Поголемиот BMI од идеалниот, кој е забележан и кај војници и кај цивилите, бил неочекуван поради редовното вежбање на војниците, вели друг автор на студијата, др Дарвин Лабарт, професор по превентивна медицина од Медицинскиот факултет Фехнберг при чикашкиот Универзитет Нортвестерн. Податоците за притисокот и за BMI, особено се загрижувачки, бидејќи овој фактори се многу пониски при регрутирањето, предупредува Лабарт.

„Мораме да откриенме што го забрзува развојот на високиот крвен притисок и дебелината“, вели научникот. Додава дека податоците од оваа студија не даваат никакво појаснувања. „Стресот би можело да има улога во тоа…“, смета Лабарт. Вели и дека би можело да станува збор и за начинот на исхрана, како и дека тоа треба да се разјасни во идните студии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.