Американските законодавци загрижени од преписката во „Boеing“ за авионите „737 МАХ“

Членовите во Комитетот за транспорт и инфраструктура при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес се запознале со содржината на новите документи во врска со авионите од моделот „Boeing 737 MAX“ и изразиле голема загриженост, објави во вторникот агенцијата Bloomberg повикувајќи се на неименува помошник на конгресмен.

Станува збор за преписка меѓу вработените во американскиот производител на авиони „Boeing“ во врска со развојот на патничкиот авион од споменатиот модел. Материјалите, исто така, биле доставени во понеделникот и до американската Сојузна управа за воздухопловство (FAA). Корепсондецијата сѐ уште не е објавена за јавноста, а нејзината содржина не се обелоденува.

Како што истакнал помошникот на конгресменот чие име не се споменува, материјалите особено укажуваат на тоа дека некои од вработените во компанијата „изразувале загриженост за подготвеноста на Boeing да ги исполни своите безбедносни обврски“. Други експерти во компанијата, наводно, се обидувале да не го дозволат тоа, бидејќи поради барањата на регулаторите биле нарушени плановите за производството на споменаиот тип авион.

Претходно челниците на „Boeing“ беа критикувани дека компанијата не им ги предала на регулаторите и законодавците доволно брзо интерните документи кои се однесуваат на авионите „ 737 MAX“.

Летовите на авионите од моделите „737MAX“ беа суспендирани во САД и во многу други земји во светот, откако се урнаа два патнички авиона од овој тип. Во март годинава „Boeing 737 МАХ“ на водухопловната компанија „Ethiopian Airlines“ се урна во близина на етиопскиот град Дебре-Зијт, кога загинаа 157 патници и членови на екипажот. Претходно во ноември 2018 година, авион од истиот модел на индонезиската компанија „Lion Air“ се урна во Индонезија кога загинаа вкупно 189 луѓе.

По втората трагедија, околу дваесет земји во светот го затворија својот воздушен простор за прелет на овој модел авиони, а многи воздухопловни компании ги суспендираа летовите со „Boeing 737 МАХ 8“. Американската Федерална агенција за цивилно воздухопловство, исто така, привремено ја забрани експлоатиацијата на овие модели авиони. Во текот на истрагата за причините за двете несреќи, идентификувани беа можни грешки на системот за корекција на маневрирањата (MCAS). Компанијата „Boeing“ потоа објави дека ги решава овие недостатоци со ажирурање на софтверот и дополнување на програмата за обука на пилотите. Засега не е назначен датумот за почетокот на безбедносните тестирања на авионите „Boeing 737 MAX“