Американско-кинескиот трговски договор е целосно завршен

Првата фаза од американско-кинескиот трговскиот договор речиси ќе го удвои американскиот извоз во Кина во следните две години и „целосно е завршена“, иако уште треба да се преведе и прочисти текстот, рече во неделата американскиот министер за трговија Роберт Лајтизер.

„Треба уште рутински да се прочисти текстот, но тој е потполно, апсолутно завршен“, рече министерот Лајтизер во емисијата „Face the Nation“ на американската телевизиска мрежа CBS News.

Сѐ уште се одлучува за тоа кога и каде претставниците на САД и на Кина официјално ќе го потпишат договорот.

По две и пол години преговарања, двете страни во петокот објавија дека договорот ќе ги намалува некои американски царини на кинески стоки во замена за зголемено кинеско купување на американски земјоделски, индустриски и енергетски производи, за околу 200 милијарди долари во следните две години. Кина со договорот се обврзува дека подобро ќе ја штити американската интелектуална сопственост, ќе го ограничи трансферот на американската технологија за кинеските компании и, исто така, ќе ги отвори своите финансиски пазари за американските компании. Се обврзува и дека ќе ги избегнува манипулациите со својата валута.

Кинескиот увоз на американските земјоделски производи би требало да расте на 40 до 50 милијарди долари годишно во следните две години. Вашингтон, пак, се согласил да ги суспендира царините на 160 милијарди долари вредниот кинески увоз кои требаа да стапат на сила на 15-ти декември.

Дали овој договор ќе функционира, во крајна линија ќе зависи од одлуките на Пекинг. „Ќе зависи од тоа кој одлуките ги носи во Кина, а не во САД“, рече Лајтизер. Договорот нема да ги реши сите проблеми меѓу САД и Кина, бидејќи ќе бидат потребни години за интеграција на кинескиот економски систем со кој доминира државата со американскиот сектор кој го водат приватниците, додаде американскиот министер за трговија.

За петокот, кога спогодбата беше договорена, Лајтизер рече дека бил „капитален ден во историјата на трговијата“, бидејќи освен договорот со Кина, Белата куќа во Конгресот испрати на одобрување именетиот американско-мексиканско-канадски договор. Овие два трговски договори заедно ќе покријат околу 2 билијарди долари. Меѓутоа, договорот USMCA, кој треба да го замени 26 години стариот договор за слободна трговија во Северна Америка NAFТA (North American Free Trade Agreement), сѐ уште се довршува