Американското FBI го уапси експертот кој помогна во неутрализирањето на вирусот WannaCry

© AP Photo / Andrew Harnik

Припадниците на американското Федерално биро за истраги (FBI) го уапсиле експертот за кибернетичка безбедност кој претходно годинава помогна да биде неутрализиран глобалниот уценувачки вирус WannaCry, пренесува агенцијата Reuters.

Според агенцијата, станува збор за британскиот стручњак Маркус Хатчинс, кој во мај го пронајде „прекинувачот“ за вирусот што помогна да биде неутрализиран штетниот софтвер. Тој бил приведен по конференциите Black Hat и Def Con за компјутерска безбедност коишто се одржувале од крајот на јуни во Лас Вегас во американската сојузна држава Невада, на којашто учествувале „десетици илјади хакери“.

Поединостите и причините за пасењето на Хатчинсон не се соопштени. Од FBI за агенцијата го дале вообичаениот одговор дека Бирото не ги коментира „тековните истраги“. Од американското министерство за правда, пак, одговориле дека неговата апсење не е поврзано со WannaCry.

Масивниот кибернетички напад изведен со вирусот WannaCry ширум светот на 12 мај погоди над 200.000 компании во 150 земји, што го потврди и директорот на Европол, Роб Вејнарт. Хакерите, според сознанијата на истрагата, користеле модифицирана малициозна програма на американската Агенција за национална безбедност (NSA) кој протекла на интернет.

Обвинението на американскиот окружен суд во сојузната држава Висконсин го товари Хатчинсон, познат и како „MalwareTech“ за рекламирање, ширење и за заработување на малициозниот софтверски код познат како Kronos кој крадел интернетски банкарски идентитети и податоци за кредитни картички. Оваа наводна активност на Хатчинсон се одвивала мешу јули 2014 и јули 2015 година, според обвинението, пренесува Reuters.

Хатчинсон во круговите за кибернетичка безбедност е прогласуван за херој поради неговата улога во запирањето на нападот со вирусот WannaCry кој зарази болници, фабрики за автомобили, училишта…

Весникот Financial Times, повикувајќи се на аналитичари од кибернетичката безбедност, пишуваше дека алатката на американското разузнавање позната како „Eternal Blue“ (бескрајното синило) бил комбиниран со „уценувачката програма“ WannaCry. Од руската меѓународна компанија за кибернетичка безбедност „Kaspersky Lab“ објавија дека на 12 мај годинава регистрирале 45.000 хакерски напади во 74 земји во светот, од кои најголем број биле забележани во банки, финансиски и здравствени институции во Русија.