Американското министерство за правда закажа пет егзекуции

Американското министерство за правосудство повторно ја користи смртната казна и закажа егзекуции на пет затвореници откако американскиот државен обвинител Вилијам Бар најави дека ја враќа оваа казнена мерка некористена речиси две децении во владината употреба на најстрогата казна.

„Конгресот експресно ја одобри смртната казна преку законот кој го поддржаа претставниците на народот во двата дома на Конгресот, а претседателот (Доналд Трамп) го поптиша“, соопшти државниот обвинител Вилијам Бар.

Во моментов смртната казна во САД ја одобруваат 29 сојузни држави, но во последните пет години ја спроведуваат само десетина, додека другите од овој список не егзекутирале никого повеќе од десет години. Американската сојузна влада не ја употреби смртната казна од 2003 година. Во моментов во САД на смрт се осудени 62 лица, што е двојно повеќе отколу што ги имало во 2003 година.

Еден од петте затвореници кои треба да бидат егзекутирани е Даниел Луис Ли, бел расист кој е осуден во Арканзас поради убиството на тричлено семејство, вклучително и осумгодишно девојченце. Меѓу нив е и Лезмонд Мичел, осуден во Аризона поради убиство на 63 годишна жена чијашто внука била принудена да седи покрај нејзиното мртво тело пред и самата да биде убиена.

Сите затвореници ги искористиле правните механизми за жалба, објави министерството и додаде дека егзекутирањата ќе бидат извршени во затворот Терре-Хот, во сојузната држава Индијана.

На 20-ти јуни годинава американската сојузна држава Џорџија го изврши 1.500-то погубување во САД, откако во 1976 година, смртната казна беше повторно воспоставена. Џорџија има долга историја на извршување на смртната казна, а по една тужба од 1972 година беше воведен мораториум на егзекуциите во САД. Четири години подоцна, Врховниот суд ја потврди смртната пресуда за уште еден осуденик, што доведе до нејзино повторно практикување. Оттогаш Џорџија егзекутираше повеќе осуденици отколку сите пет сојузни јужни држави во кои се практикуваше, а на Југот се изведени огромно мнозинството егзекуции, 1.277 од 1.500-те, според податоците на Информативниот центар за смртна казна.

Тогаш егзекутираниот Марион Вилсон беше 74-та личност егзекутирана во Џорџија од 1976-та, втората во оваа сојузна држава во 2019 и десеттата егезкутирана во САД годинава. Држвата Тексакс има извршено убедливо најмногу егзекуции, повеќе од 560 од 1976 година. Сепак, се забележува дека има намалување на бројката смртни казни извршени во САД последните години. Сојузните држави почнуваат да ја менуваат политиката за изрекување на смртната казна. Неодамна Њу Хемпшир стана 21-та држава којашто ја укина смртната казна. Уште 29 држави сѐ уште ја задржуваат смртната казна како опција, но само неколку држави: Тексас, Флорида, Алабама и Џорџија, редовна ја практикуваат.

Меѓународната организиција Amnesty International во април годинава објави дека во текот на минатата 2018 година биле регистрирани 690 извршувања на смртна казна во 20 држави во светот, што претставува пад за 31 отсто во однос на претходната 2017 година. Најмногу смртни казни се извршени, според редоследот на организациајта, во Кина, Иран, Саудиска Арабија, Виетнам и Ирак.