Американското разузнавање досега не успеало да го идентификува изворот на „Хаванскиот синдром“

Американската разузнавачка заедница сѐ уште не успеала да го откре изворот на појавата на ткн „Хавански синдром“ кај американските дипломати и други државни службеници, но ја продолжува истрагата на оваа тема, изјави во петокот портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

„Ние сѐ уште не сме го идентификувале изворот, но информациите за секој таков инцидент го сфаќаме сериозно исе стремиме да оигуриме дека нашиот том за национална безбеднот ги користи сите ресурси за да собира, проценува и разгелдуа податоци за овие инциденти“, изјави Псаки во текот на редиовниот брифинг за новинарите.

Потврди дека сѐ уште траат претходно започнатите сеопфатни истраги за манифестациите на „Хаванскиот синдром“ во кои се вклучени разни американски специјални служби.

Претходно во петокот американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за укажување помош на маериканскиет воени и владини службеници кои страдаат или настрадале од ткн „Хавански синдром“. Законот предвидува исплата на надомест за оние кои претрпеле „оштетувања на мозокот“ додека биле на должноста, и во странство и на американска територија. Притоа, во објавата не е наведено за кои конкретни суми станува збор.

Случаите на „Хаванскиот синдром“ првпат беа објавени кај американските дипломати на Куба во 2016 и 2017 година, како и во Кина следната 2018 година. Според описите во американските медиуми, дипломатите биле изложени на звучни ефекти, кои предизвикувале долгорочни здравствени последици. Повремено, извори на американските медиуми ја споменуваат Русија како извори и организатор на „акустичните напади“, на што Москва одговори дека станува збор за „потполно апсурдни и чудни инсинуации“.

Случаи на здравствени проблеми, слични на „Хаванскиот синдром“, исто така, според медиумите биле забележани кај американски дипломати во Африка, Таџикистан и Москва, Едн од последните познати случаи на необјаснивата болест е регистритана кај член на тимот на директорот на Централната разузнавачка агенција (CIA), Бил Барнс, во текот на неодамнешниот престој во Индија.

Вкупнот, според челникот на CIA, во сите вакви инциденти настрадале неколку стотини американски дипломати, дипломати и припадници на вооружените сили, пренесе телевизијата CNN, а околу стотина од нив биле припадници на CIA. Според написите, се очекува до крајот на годинава американското разузнавање да ја заврши истрагата за ткн „акустични напади“ кои го предизвикуваат синдромот, но според изворите истражувањето може да биде пролонгирано а, исто така, не е планирано и извештај за јавноста.

„Важно е, исто така, да се знае и да се сфати дека ние, се разбира, сме решени што е можно поскоро да дојдеме до вистината во смисла на утврдување на причините за овие инциденти, за да се открие кој е одговорен за нив“, рече Псаки.

Портапролката на Белата куќа ги имала предвид информациите за мистериозните акустични или други напади со можно користење на „насочена енергија“.