Американското разузнавање тврди дека странски сили покажуваат интерес за мешање во изборите во САД

Русија, Кина и Иран се заинтересирани и поседуваат потенцијал за да се мешаат во општите избори кои годинава во ноември ќе се одржат во САД, изјави во вторникот координаторката на канцеларијата на директорот на американското Национално разузнавање за осигурувње на безбедноста на изборите, Шелби Пирсон.

Како што рече Пирсон, „Русија, Кина и Иран имаат можности и интерес“ веројатно да се мешаат во изборите годинава. „Тие ги извлекоа поуките од обемот информации коишто ние ги објавивме (…) и тие ги усовршија своите можности“, смета таа.

Според нејзината верзија, „насочените закани за изборите станале поостри, поразновидни и пософистицирани“, во споредба со ситуацијата од претседателските избори во 2016 година. „Овој проблем не е поврзан само со Русија. Тој е главниот приоритет на националната безбедност“, рече Пирсон.

Додаде дека претставниците на министерството за внатрешна везведност, Федералното биро за истраги (FBI) и Агенцијата за национална безбедност (NSA) и канцеларијата на директорото на Нациолната разузнавачка агенција се особено ангажирани на осигурувањето на безбедноста на изборите во САД.

Американските разузнавачки агенции ја обвинуваат Русија за наводно мешање во изборниот процес во 2016 година. Истрагата по овие наводи траеше речиси две и пол години, предводена од поранешниот челник на FBI, Роберт Мјулер, кој од оваа должност беше именуван за специјален обвинетел во случајот за ткн „руско мешање“. На 18-ти април 2019 година, министерството за правда на САД го објави извештајот во кој Мјулер признава дека истрагата не утврдила заговор на американскиот претседател Доналд Трамп со Москва, кој му овозможил победа на изборите во 2016-та.

Сепак, беше наведено дека имало обиди за мешање на Русија во американските избори, што Москва редовно го отфрла, но притоа Мјулер и американските разузнавачки служби не понудија долази за тврдењето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.