Ампева од Гласен текстилец: Нема да дозволиме феудална експлоатација на работниците кои ќе ги градат автопатиштата

Воведувањето прекувремена работа е неустгавно, за тоа веќе се има произнесено Уставниот суд, изјави денеска Криустина Ампева од Гласен текстилец упатувајќи апел до пратениците да не гласаат за законот со кој ќе се овозможи прекувремена работа на работниците кои ќе ги градат автопатиштата од коридорите 8 и 10д.

„Иако знаеме колку скандали излегоа со тој закон од самата негова неуставност при носењето и одбирањето на една единствена компанија, иако слушаме постојано за надзорот при изградба каде разни сомнителни фирми ќе ги соберат 22,5 милиони евра само по однос надзор, сепак на власта и тоа и е малку и повторно се обидува и да го врати назад работното време и овој пат пазете со измени и дополнувања во Законот за работни односи. Ова нешто веќе Уставен суд го оцени како неуставно, рече Ампева

Според неа, стратегиски интерес е да се размислува за добро на работниците и за ценење на нивниот груд, а не да се враќаме во феудализам.

„Упатуваме порака до властите, министрите и пратениците дека нема да дозволиме нова неправда врз грбот на работниците и ќе реагираме повторно како што сме реагирале претходно со успешна иницијатива пред Уставнито суд“, порача Ампева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.