Ампева: Околу 1.000 текстилни работници добиле пониска плата од минималната

Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец” вели дека станува збор за 1.000 текстилни работници кои кај нив пријавиле дека за март им е исплатена плата под минималната, која изнесува 18.000 денари.

Таа појаснува дека на нивни сметки бике исплатени 16.000 или 17.000 денари. Ова е првична бројка на текстилни работници и пријавите се собрани за само пет дена.

– Имаме пријавени случаи за 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени и додатоците на плата. Засега ова се мали бројки, но, пријави пристигнуваат, ги комплетираме, потоа ги доставиме до Инспекторатот за труд, вели Ампева.