АМСМ: Блокиран сообраќајот кај Баир на патот Ресен-Битола

амсм

Оттаму информираат и дека сообраќајот на патниот правец Прилеп- Кавадарци кај Плетвар за товарни моторни возила е нормализиран.

Сообраќајот на државните патишта, содаваат од АМСМ, се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонија пат. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Потсетуваат и дека од 15 ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава.