Анџелина Џоли ќе му се спротивстави на Доналд Трамп на претседателските избори?

Во последниве години се појавија шпекулации дека холивудската актерка Анџелина Џоли би можела да влезе во трката за нов претседател на Соединетите Американски Држави. Самата актерка во неколку наврати навести дека овие „вратата не е затворена“.

Една од најплатените актерки во САД и амбасадорка на ОН неодамна покрена свој „Јутјуб“ канал, а како што пренесуваат медиумите, на него сигурно нема да има туторијали за шминка.

Имено, нејзиниот канал се занимава со хуманитарна работа и досега има повеќе од 8.400 следбеници.

Во описот на каналот се наведува дека Џоли е вклучена во хуманитарна работа, ги претставува ОН и се занимава со бегалците, како и тоа дека со нејзината работа придонесува во процесот на изнаоѓање решение за оние што се принудени да ги напуштат своите домови.

Џоли (44), која во моментов го промовира својот нов филм „Господарка на злото“ , има две видеа на нејзиниот канал.

Десничарскиот „Брејтбарт“ сугерира дека со лансирање на овој канал, актерката всушност зачекорила во подготовка за претседателската кампања.

„Искрено, ако ме прашавте пред 20 години, јас едноставно ќе се насмеав слатко. Јас навистина не знам. Јас секогаш велам дека ќе одам таму каде што сум потребна. Не знам дали сум погодна за политика, но кога ќе помислам дека повеќе немам што да крија, тогаш мислам дека сум отворна за таква можност. Можам многу да поднесам“, изјави актерката кон крајот на минатата година во интервју за радиото Би-Би-Си.

Потоа водителот на шоуто Џастин Веб и рече дека ќе ја предложи на списокот на потенцијални кандидати за изборите во 2020 година, на што таа се насмеа и одговори: „Благодарам!“

Џоли не е единствената славна личност за која се шпекулира дека би можела да влезе во изборната трка во 2020 година. Одамна се шпекулира дека противкандидатка на Трамп би можела да му биде Опра Винфри.