Анџелина Џоли ги посети децата евакуирани од Мариупол

Актерката Анџелина Џоли денеска ја посети Украина за да се запознае со децата погодени од војната и со локалните организации кои работат на нивна заштита.
Џоли, која е специјален пратеник на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, се сретна со деца без родители и со раселени, вклучително и млади луѓе евакуирани од Мариупол, како и со украински волонтери и лекари кои се грижат за нив, јавува Би-Би-Си.
Актерката ги изненадила луѓето и во кафуле во градот Лавов во западна Украина.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како таа им мавта на набљудувачите и им дава автограми на обожавателите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.