Познатата актерка и хуманитарка Анџелина Џоли и нејзината 12-годишната ќерка Вивиен деновиве беа забележани на прошетка во центарот на Лос Анџелес.
Оскаровката (45) облечена од глава до петици во црно наврати во цвеќарница во трендовскиот кварт Лос Фелиз.
Анџелина и Вивиен беа фотографирани додека чекорат прегрнати покрај излогот на продавницата.
Џоли е несомнено шик во црн блејзер над црн макси фустан без ракави.
Со познатиот актер и заводник Бред Пит тие се родители на Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс.
Aмериканска актерка, режисерка и хуманитарка последниов период е во фокусот на јавноста заради борбата за старателство врз нивните деца.
Децата, но и Џоли и Пит минуваа низ тежок период, додека златната двојка од Холивуд се разведуваше.