Анџелина Џоли предупредува за кризата во Украина

Актерката Анџелина Џоли е позната по својата хуманитарна работа, поради што последниве денови на социјалните мрежи предупредува за кризата во Украина поради актуелните конфликти.

Во објава на Инстаграм, таа ја спореди ситуацијата на украинските бегалци кои бегаат од земјата на безбедно со борбата на другите бегалски групи ширум светот.

Таа објави импресивни фотографии од оние кои изгледаат како бегалци од различни земји, меѓу кои и фотографија од Украинка која гледа низ прозорецот на автобусот.

„Милион бегалци сега побегнаа од Украина. Пред еден украински бегалец да ја премине границата, повеќе од 82 милиони луѓе веќе беа протерани од своите домови ширум светот – најголем број досега. Во емиграцијата се вклучени над 6 милиони Сиријци, најголемата светска популација на бегалци, кои се раселени повеќе од една деценија“ – напиша актерката во описот на објавата.

Џоли додава „и повеќе од милион припадници на народот Рохинџа од Мјанмар, кои освен што се насилно раселени, се и без државјанство. И речиси 48 милиони луѓе протерани од своите домови поради конфликти и насилство, кои живеат внатрешно раселени во нивните земји – во Јемен, Сомалија, Авганистан, Етиопија и многу други места“.

Таа продолжи и заклучи дека сите бегалци заслужуваат еднаков третман и права.

Актерката со оваа објава очигледно алудираше на обвинувањата дека бегалците од другите подрачја погодени од војната не добиле исто ниво на сочувство и поддршка како украинските бегалци.

Џоли, која беше назначена за специјален претставник на ОН за бегалци во 2012 година, минатата недела даде уште едно соопштение за конфликтот во Украина.

„Како и многумина од вас, се молам за народот на Украина. Мојот фокус, како и фокусот на моите колеги, е да направам се што е можно за да се обезбеди заштита и основните човекови права на раселените лица и бегалците во регионот“ – напиша тогаш таа, додавајќи дека е рано да се знае што ќе може да се прецени.