Анџелина Џоли: „Вечните“ е епски, емотивен и многу човечки филм

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли во интервју за српскиот портал „Нова“ (Nova.rs), за новиот филм „Вечните“ (The Eternals), вели дека е епски, доста емотивен и многу човечки.

– Вечните постојат одамна. Приказната е за нивното доаѓање на Земјата и нивниот однос кон луѓето од самиот почеток. Тие се тука додека човештвото се развива, па се менуваат како што се менуваат и луѓето. Но, тие се бесмртни вонземјани кои формираат тим за заштита на човештвото, вели глумицата.

Таа смета дека режисерката Клои Жао била одличен избор за оваа научнофантастична авантура. Омилено нешто во врска со филмов ѝ било тоа како другите се справуваат со своите улоги на суперхерои, и тоа што сите изгледале како едно големо семејство.

– Се надевам дека многу луѓе ќе се видат себеси како суперхерои, ако можеби досега не се гледале така. Возбудена сум поради тоа!, нагласи Анџелина Џоли.

Во филмот глумат и Селма Хајек, Кит Харингтон и други познати ѕвезди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.