Анџелина Џоли во врска со 15 години помлад пејач?

Дека актерката Анџелина Џоли и музичарот The Weeknd се во врска веќе со месеци се шпекулира, а дали конечно пристигна и потврдата за нивната врска?

Пред неколку месеци во медиумите започна да кружи приказна дека холивудската убавица Анџелина Џоли е во врска со 15 години помладиот музичар The Weeknd. Иако ги фотографираа како заедно одат на вечера во еден познат ресторан во Санта Моника, многумина оваа вест не ја прифатија како вистинита.

Особено поради тоа што потоа убавицата била забележана со својот поранешен сопруг Џони Ли Милер, односно како оди во неговиот стан.

Ниту Анџелина ниту The Weeknd не биле расположен да го коментираат својот однос за кој се шпекулираше, сè досега.

Имено, вистината била раскажана во новиот музички албум на музичарот кој светот со нетрпение го исчекуваше.

Кога албумот „Dawn FM“ беше промовиран, многумина ги заинтригира песната „Here We Go… Again“.

Песната слушнете ја во продолжение:

„А, мојата нова девојка, таа е филмска ѕвезда. Си кажав себеси дека никогаш повеќе нема да ‘паднам’ на некој, но еве нè повторно, таа е филмска ѕвезда“, гласи дел од песната која секако е потенцијален доказ за нивната мистериозна врска.

На социјалните мрежи веднаш почнаа да се пишуваат коментари, а многумина тоа го сфатиле како службена потврда за претходните шпекулации кои кружеа.

Инаку, The Weeknd и Анџелина првпат биле фотографирани заедно во јавноста во Санта Моника кон крајот на месец јуни минатата година.