Анѓушев предупредува на буџетска дупка од две милијарди евра за плати

338

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во врска со предложените мерки од страна на поранешниот премиер Зоран Заев за кастрење на платите на јавната дминистрација, истакна дека во Буџетот за годинава ќе недостигаат две милијарди евра.

„Вистинското прашање не е дали ќе се кратат платите или не, туку дали ќе можат да се поделат, затоа што во Буџетот ќе фалат две милијарди евра. Тие две милијарди евра, главно ќе треба да се трошат на плати“, истакна Анѓушев во вечерашната емисија на ТВ21 „Клик плус“

Вели дека ние може неколку месеци да се делат платии, но што ќе се случи доколку во Буџетот ќе нема пари за плати и посочи дека вистинското прашање е дали може да се обезбедат и како ќе се обезбедат тие три милијарди евра задолжување.

„Денеска во светот не се прашува дали треба да се задолжите, туку дали можете да најдете финансиски средства, односно извори од каде би се задолжиле“, посочи Анѓушев.

Потсети дека во актуланата ситуација, Германија веќе најави 5 отсто дефицит на Буџетот, односно направи пакет од економски мерки во износ од 750 милијарди евра, додека во САД дефицитот се движи над 10 отсто, и предупреди дека и во Македонија оваа брројка „ќе биде сериозна“.

„Доколку не се направи брзо задолжување и доколку не се обезбедат финансиски средства за покривање на дупките во буџетот ќе дојде до прашање можноста дали воопшто ќе се поделат плати, а не колкави ќе бидат тие“, констатираше Анѓушев

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.