Ана Брнабиќ пак е кандидат за премиер

Актуелната српска премиерка Ана Брнабиќ во гостување во „ТВ Пинк“ кажа дека е еден од кандидатите за премиер во новата влада.

Во Белград вчера се одржа првата конститутивна седница на која се конституира новиот парламент со 250 пратеници. Официјално со тоа започна и рокот од 90 дена за формирање на владата.

Брнабиќ потврди дека претседателот Александар Вучиќ сериозно размислува да влезе во коалиција со лидерот на Српскиот патриотски сојуз (СПАС), Александар Шапиќ кој има 11 пратеници.

Таа кажа и дека Вучиќ бил многу разочаран од негови партнери и дека тешко ја поднел поддршката која Социјалистичката партија на Србија (СПС), ја дала на опозициските протести во Белград.