Ана Брнабиќ утре во посета на Скопје

Премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ утре ќе ја посети Република Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од српската Влада, Брнабиќ ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски.

По средбата, Брнабиќ и Ковачевски ќе учествуваат на премиерскиот панел „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“, што ќе се одржи во рамки на Самитот „Македонија 2025“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.