Ана Камчева утре ќе сведочи во „Рекет“

На третото продолжение за „Рекет“ закажано за утре треба да се појави Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Орце Камчев. Таа во судот треба да каже како Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец зеле половина милион евра од неа како гаранција дека нејзиниот сопруг, осомничен во случајот „Империја“, ќе му биде определена поблага мерка, домашен притвор.

Камчева, најверојатно ќе раскаже како 350.000 евра патувале во кутија за чевли завршиле кај специјалната обвинителка, сега обвинета во „Рекет“ Катица Јанева.

Ова покрај другото го соопшти на претходното рочиште, нејзиниот сопруг Орце Камчев кој во својство на сведок имаше свој исказ пред судот.

Ана Камчева како сведок требаше да се јави во судот во петокот, но поради покачена температура, нејзиното сведочење беше одложено за вторник.