Ана Винтур се разведува по 16 години брак со Шели Брајан

Уредничката на списанието Vogue Ана Винтур и Шелби Брајан одлучија да стават крај на нивниот брак.

Имено, како што пренесува таблоидот Page Six, милионерот Брајан и „модната Челична дама“ се разведуваат по 16 години брак.

Со месеци се шпекулираше дека односите на моќната двојка се заладиле и веќе некое време не биле видени заедно во јавност, а сега е потврдено дека на нивниот брак му дојде крајот.

https://www.instagram.com/p/B-ezh09HKxm/?utm_source=ig_embed

Официјалната причина не е наведена, но странските медиуми наведуваат дека Брајан се вратил кај неговата поранешна сопруга Кетрин, чиј сопруг, банкарот Дејмон Мезакапа, почина во 2015 година.

Брајан ја напушти Кетрин во 1999 година кога започна афера со Ана Винтур. Двајцата се венчаа во 2004 година на тајна церемонија.

„Кетрин и Брајан имаат заедно деца и тие се само пријатели. Тоа е сè”, изјави извор за Page Six, прашан за можно помирување на двојката по толку години.

Ана Винтур и британскиот актер Бил Нај неодамна беа видени заедно на вечера, а извор близок до парот изјави дека тие се многу блиски пријатели и дека заедно оделе на изложби во Лондон и Њујорк.

Винтур претходно беше во брак со Дејвид Шејфер од 1984 до 1999 година.