Анабела Шиора сведочеше на суд дека Вајнстин ја силувал

Actress Annabella Sciorra arrives as a witness in Harvey Weinstein's rape trial, in New York Sexual Misconduct Weinstein, New York, USA - 23 Jan 2020

Американската актерка Анабела Глорија Филомена Шиора сведочеше во четвртокот на судењето на славниот холивудски продуцент Харви Вајнстин дека ја силувал на почетокот од 1990-те години.

Шиора, најпозната по улогата во телевизиската серија „Семејството Сопрано“, е клучниот сведок на судењето и најпозната членка на движењето MeToo која ќе сведочи против Вајнстин. Повеќе од 80 жени го обвинија продуцентот за сексуално злоставување.

Педесет и деветгодишната Шиора рече на судот дека Вајнстин упаднал во нејзиниот апартман во Малибу и ја силувал. „Го удирав со рацете и нозете, се обидував да го тргнам од себеси“, опишуваше актерката пред судот.

Вајнстин ѝ се заканил на Шиора кога подоцна се сретнале дека не смее никому да каже за силувањето. „Ова останува меѓу тебе и мене“, ѝ рекол Вајнстин смеејќи се, иако неговиот тон бил „многу заканувачки“, изјави Шиора на судот.

Вајнстин го слушал сведеочењето на Шиора тивко и понекогаш запишувал белешки, пренесуваат медиумите. Во судницата дошол порано со асисетнт, но не го користел помагалото за одење, како претходните седмици.

Обвиненијата кои ги изнесоа Шиора и уште четири други жени не се казниви за Вајнстин, бидејќи настапило застарување на делото, но обвинителите се надеваат дека сведочењето ќе го објасни орбазецот на предаторското однесување на Вајнстин.

Њујоршките обвинители почнаа во средата да ги изнесуваат обвиненијата против Харви Вајнстин, опишувајќи го порано највлијателниот филмски продуцент во Холивуд, како силувач. Судењето започна на 6-ти јануари и може да трае уште шест седмици.

Шеесет и седумгодишниот Вајнстин се изјасни дека не е виновен за напаствување на две жени. Долку биде осуден за најсериозното обвиенние, предароски сексуален напад, го очекува доживотен зетвор.

Од 2017 година повеќе од 80 жени го обвинија Вајнстин за сексуално злосторства, што го покрена движењето #MeToo во кој жените ги изнесуваат јавните обвинувања против моќни мажи во деловниот и светот на шоу-бизнисот, но и политикат.

Вајнстин, кој ја измени независната филмска индустрија со филмовите кои наидоа на одлични реакции кај критиката како „Англискиот пациент“ и „Вљубениот Шекспир“, ги оспорува обвиненијата дека сексуалните односи биле со согласност.