Анадолу Ефес со кош во последната секунда избори финале во Евролигата

Со „тројката“ на Василие Мициќ во последната секунда, турскиот Анадолу Ефес ги победи грчки Олимпијакост со 77:74 изборувајќи пласман на финалниот турнир на кошаркарската Евролига во Белград.

Со тоа Анадолу Ефес доби можност да ја брани тутулата, а во финалето на 21-ви мај ќе игра против победникот од дуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Олимпијакост подобро влезе во мечот, грчкиот тим поведе со седум поени разлика 12?5, но Ефес се врати правејќи резултатски пресврт во својат предност 18:14. Сепак, завршницата од првата четвртина превагна на страната на Олимпијакос кој првата делница ја добни со 21:18. Во втората четвртина грчкиот претставник повторно дојде до предност од седум поени 39:32, но актуелниот европски првак намали до полувремето на само еден поен заостанување 42:43.

Подобрата игра кошаркарите на Ефес ја продолжија и на почетокот од третата делници стасувајќи до „плус 11“ односно 59:48, но тимот од атинска Пиреа намали на три коша минус 63:66. Во последната четвртина се одигруваше вистинска драма. Ефес на минута пред крајот поведес со 74:70, но Олимпијакост на 19 секуди до крајот израмни на 74:74, а победникот го реши „тројката“ на Мициќ со звукот на сирената.

Кај победникот најефикасни беа Шејн Ларкин со 21 кош и 7 асистенции, Елија Брајант со 16 и Мициќ со 15 поени, 9 адистенции и 6 скокови. Олимпијакост го предводеа Шакил Меккиссик со 12, Хасан Мартин, Тајлер Дорси и Костас Слука со по 11 поени.

Пред почетокот на белградскиот „Фајнал фоур“ турнир беа доделени признанијата за најдобрите во текот на изминатата сезона. За најкорисен (МВП) играч е прогласен Никола Миротиќ од Барселона, надобар тренер се Јоргос Барцокас од Олимпијакос, најдобар стрелец е Василие Мициќ од Анадолу Ефес, најдобар одбранбен играч е Кајл Хајнс од Армани Милан, а најдобар млад играч е Рокас Јокубаитис од Барселона.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.