Јанакиески веќе 15 месеци е во притвор, а судењето за „Шпански скали“никако да почне

79

Поранешниот министер за транспорт Миле Јанакески 15 месеци е во притвор за случајот „Шпански скали“ кој никако да започне.На последното рочиште поради покачена температура на еден од обвинетите предметот беше одложен за 25 септември. Иако овој предмет е притворски и започна да се суди среде пандемија од корона и вонредна состојба, поради истекот на мандат на еден од поротниците денеска требаше повторно да започне од почеток.

По ова, се поставува прашање дали Судскиот совет ќе преземе некакви мерки ако се има предвид дека се работи за притворски предмет.

Обвинетите во овој случај се товарат за кривично дело злоупотреба на службената положба, а едно лице е обвинето за несовесно работење во службата, односно за незаконитости во продажбата на четири атрактивни локации во центарот на Скопје, покрај Вардар.

 

Mиле Јанакиески пред четири месеци изјави дека не чуствува вина и оти тоа ќе го докаже. 

-Поминување на рокот на одобрение за градење, не е основ за кривично гонење.. Тука ме гонат затоа што не сум раскинал договори, а во Топлик за Сончев град затоа што сум раскинувал, како министер за транспорт и врски. Ако ги раскиневме договорите би значело кривично дели и трупање на затезна камата. Ако ова е став за гонење, требаше судовите да бидат преполни со градоначалници и министри.“ – изјави Јанакиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.