Аналитичари од регионот: Коалицијата на СДСМ и албанските партии, опасност за Македонија и Балканот

Коалицискиот договор помеѓу наследниците на македонските комунисти и албанските партии, не само што е вовед во распрачување на Македонија, тоа е и темпирана бомба која се заканува да го запали целиот Балнкан, пишува српскиот аналитичар и главен уреднк во „Национална ревија“, во Политика, Мишо Вујовиќ.

Тој во својата колумна истакнува дека токму точката во Тирнската платформа со која СДСМ прифати да се осудат Србите за наводен геноцит над Албанците во период од 1912 до 1956 година не е случајност.

Аналитичарот Чедомир Антиќ пак во колумна под наслов Македонија – опстанок или исчезнување пак пишува дека Македонија е во криза, односно дека продолжува агресијата и тагедијата на која сме жртви повеќе од четвртина век и дека само неупатен и злонамерен може да каже дека оваа криза не се однесува и на Србија.

cedomir antic
-Во Македонија во тек е конфликт чии последици ќе ја одредатнејзината судбина дали ќе преживее или исчезне. Дали во иднина во Македонија, група албански клан шовинисти ќе го одредуваат уставот, политиката и симболите на оваа земја? Пред два месеци во Тирана, под покровителство на премиерот Еди Рама – човекот кој во Србија многу добро познат по цинизам и непристојно однесување е потпишана “Тиранаската платформа”.

Тој пишува дека албанските партии во Македонија преку двосмислена програма поставуват најшироки можни барања од државата во која веќе ги уживаат правата како на ниедно друго место во Европа. На крајот Антиќ истанува дека се плаши за Македонија и е загрижен за безбедноста на претседателот Ѓорѓе Иванов кој ја бранеше држаата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.