АНАЛИЗА: Бегалската криза е реалност

Во срцето на светската политика лежи една многу изразена и длабока поделба. Светот станува се повеќе поврзан меѓусебно, но и покрај тоа механизмите и начините за управување на глобализацијата изгледаат недоволни за справување со предизвиците. Резултатот е предвидлив: реакција против глобалната ангажираност, креирана од уморот и од стравот.

Тоа не е видно никаде повеќе отколку во светската бегалска криза. Околу 65 милиони луѓе во светот во текот на 2015 година, ги напуштиле своите родни места поради конфликти и нарушени човекови права.

Во 2014 година помалку од 1 отсто од бегалците се вратиле во своите домови, а според ООН просечната возраст им е 17 години. Во 2015 година ООН одобри рекордни 20 милијарди американски долари за справување со светската потреба од хуманитарна помош.

И покрај великодушноста на дузина луѓе и организации, тоа доведе до едвај 55 отсто исполнување на посакуваното.

Меѓу бегалците царува очајот, а исто е и со државите во кои тие бегаат. Тука се вклучени на пример Турција и Кенија, кои се меѓу најголемите земји кои примаат бегалци, како и Германија и Швајцарија, кои прифатија огромен број бегалци во последниве две години.

Се сеќаваме на претходните кризи – Војната во Босна и Херцеговина во 90-те години од ХХ век на пример. Тој тип на случувања предизвика две реакции.

Земјите или решаваат дека тој проблем е голем и прават некаква разлика со своето вмешување и не смеат да прифатат ангажмани, обврски и задолженија, или меѓународниот систем достигнува до едно ниво дека нема да има никакво значење било каква одлука, ако таа не е колективна.

Во еден таков момент сме и токму сега, при справување со бегалската криза.

Има голем притисок границите да се затворат, а оние кои бегаат – да бидат вратени, нешто што единствено ќе им донесе корист само на трговците со луѓе. Има политичари, кои ги изедначуваат бегалците со терористите – сеејќи страв и вртејќи ги заедниците една против друга. Тој магичен круг мора да биде сопрен.

На две сокрешни средби на високо ниво, ќе се појават можности за тоа. Првата е средбата на ООН за бегалците и мигрантите, која е организирана од претседателот на Генералното собрание на ООН. Почна на 19 септември, годинава, и нејзина цел е да ги засили државите на првата линија на „фронтот“, кои кај себе примаат најголем дел од бегалците, да побуди поголемо споделување на глобалната одговорност и да создаде нови меѓународни принципи за бегалци и мигранти.

Иако е вложено многу за подгоотвките на оваа средба, нејзниот план, објавен минатиот месец од ООН, предвидува дека таа ќе доведе најверојатно до ново повторување на веќе постоечките принципи, а не до значителни промени во тоа како земјите да го споделат бремето и одговорноста за брановите бегалци.

Тоа би било разочарување. Светот се соочува со рекорден број бегалци, и ние не можеме само да излегуваме со заеднички приказни за добри намери. Неопходни се практични ангажирања, кон кои државите мора да се однесуваат одговорно.

Ако средбата на ООН, се покаже како неуспешна, тогаш средбата на високо ниво веднаш потоа, на која претседателот на САД, Барак Обама, ќе биде домаќин, ќе стане уште поважна. Настојувајќи дека државите треба да „плаќаат за да учествуваат“, претседателската иницијатива цели кон катализирање на суштински ангажмани, односно преселување на бегалците, како и создавање на можности за нивно вработување и образование во земјите каде ги прифаќаат (кои секогаш и не се толку богати, како на пример Либан и Пакистан).

Средбата на високо ниво на Обама, предлага можност САД, преку личен пример, да доведат до зголемување на глобалниот обем на средства, предвидени за хуманитарни каузи. Меѓународната заедница да обрне особено внимание на три области – како за време на средбите, така и по времето на следните случувања.

Прво, треба да има…