Анализа: БиХ огледало на Европа

Граѓаните на Босна и Херцеговина и’ покажуваат на Европа како да се избегне патот кон катастрофа. Сараево е слика од не така дамнешната историја на Европа и исто така може да биде огледало на иднината, пишува британскиот весник „Гардијан“ во врска со актуелните состојби во балканската земја.

Пред точно 30 години олимпискиот пламен го осветли Сараево. Изминативе недели пламенот е повторно запален, но не е олимписки. Демонстрантите во налет на гнев палеа владини згради и останати државни институции, а причина за тоа е сиромаштијата, лошата економија и „застоените“ социјален и политички живот, пишува во својата колумна Игор Штикс, Сарајлија кој во моментов живее во Единбург.

Кога во дамнешната 984 година пламенот го осветли Сараево, ја живее точно преку патот од Олимпискиот стадион. Моето семејство и јас две недели не можевме да спиеме поради силината на пламенот односно сјајот. Но, бевме многу среќни. Тоа беше пламен на просперитет, мир и бескрајни можности.

Тогаш Сараево преставуваше слика на она кон што Европската Унија тежнееше – просперитетна, разнолика и секуларна земја со напредна индустрија, земја на социјална еднаквост и константен економски раст.

Европската Унија не успеа да ги оствари тие амбиции.

Постои уште една сцена од не така дамнешното минато. Десет години по Олимписките игри Сараево беше во урнатини. Градовите беа опколувани и уништувани, невини луѓе стануваат жртви на национализмот и секташите, во земјата се нижеа концентрациони логори и масовни гробници.

Европа тоа немо го набљудуваше.

И сега повторно БиХ го држи огледалот на Европа. Градовите во БиХ наликуваат на Лондон во летотот 2011 година и предградијата на Париз 2005 година кога следеше експлозија на гнев и уништување на сите симболи на политичка, општествена и економска моќ.

Речиси 20 години по Дејтонскиот мировен договор се чини дека локалните елити и меѓународните играчи постигнаа консензус за една работа, а тоа е како брзо да го вратат капитализмот. Така масовнатаа приватизација доведе до речиси целосна деиндустријализација.

Резултатите од тоа се етно-националистички елити, наголемо одговорни за војната, а повторно наградени во мир. Тоа е елита која меѓународната заедница и ЕУ преку своите маргинални политичари кои ги праќа во својсво на „високи претставници“ ги третираат како главни партнери.

Меѓутоа, постои една голема разлика меѓу нередите во БиХ и оние кои се случуваат во другите европски градови. Во Би не се случи бунт на дискриминирана група која територијално се наоѓа на периферијата на големите градови. Тоа е бунт на целата популација која живее во беда, политичка, економска и социјална.

Токму поради тоа БиХ е слика за иднината на Европа: нескротлива популација изморена од мерките за штедење и препуштена сама на себе по распад и остатоци од социјална држава, без изгледи за економски раст, на чело со сомнителна елита.

Меѓутоа, БиХ праќа уште една слика. Се работи за пленумите во бројни градови, а пример за ппофалба е пленумот во Тузла кој јасно ги изнесе своите барања и веќе донесе некои промени во локалната заедни преку Собранието на Кантонот Тузла.

Во БиХ станува збор за обични луѓе кои се очајни и гневни, но во исто време одлучни да се борат за подобар живот, и покрај институционалните препреки.

БиХ прикажува можно сценарија за немири во европските градови, но и излез низ борба на граѓаните за социјална правда, еднаквост и демократија. БиХ нуди слика на она што Европа мора да биде за повторно да не преживее катастрофа како онаа од пред еден век кога се случи атентатот на Франц Фердинанд и почна Првата Светска војна.

Ќе ја сфати ли Европа пораката на јавност во БиХ? Ќе го игнорира ли Европа овој пламен што се разгорува додека не избие во некој друг дел од континентот или тогаш можеби ќе биде предоцна?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.