АНАЛИЗА: Длабок раздор во НАТО

Очекувањата од средбата на врвот на НАТО во Велес, беа западните лидери да ја вратат во живот Алијансата. Целта е јасна – да се спротистават на руската инвазија во Украина. Но, сепак сојузниците повеќе изгледаат разединети, пишува Council of Foreign Relations, пренесува Нетпрес.

Како што рекол првиот генерален секретар на организацијата, лорд Хастингс Исмеј, со своето основање во 1949 година, НАТО има очигледна улога „да ја држи Русија постојано настрана, Американците да се чувствуваат како дома, а Германците да бидат на колена“.

Од моментот на падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, скептиците почнаа интензивно да предвидуваат дека НАТО ќе исчезне. Но, наместо да исчезне, Алијансата успешно се адаптираше и придоби 12 нови држави членки, бивши припаднички на поранешниот Варшавски пакт. Со тоа бројот на Сојузниците достигна 28 држави. Така хуманитарните интервенции, институционалното обновување и борбата со тероризмот се распослаа на широко, а НАТО придоби мисии на, за организацијата порано невозможни места, како Естонија, Косово и Авганистан.

Сеуште Алијансата не ја расчистила ефективно драматичната дебата за една од најважните актуелности на 21-от век, а тоа е стратешката определба, и често гледните точки во однос на степенот на заканите се противречни.

Поделени се. Од една страна различностите на владите на земјите членки, а од друга електоратот на тие влади. Земјите не се подеднакво склони ниту во одредувањето на буџетските средства, ниту пак во ризикувањата на воената сила во поддршка за подалечните сојузници.

Руската агресија во Украина би требало да донесе една нова димензија во НАТО, бидејќи за прв пат по педесет години земјите членки, особено балтичките држави, имаат легитимна причина за вознемиреност за својата безбедност.

Сите членки на НАТО се противат на дестабилизирачката улога на Русија во Украина, но сите даваат различен приоритет за нејзино спречување и немаат никаков план за заедничка стратегија во справувањето со неа.

Анексирањето на Крим го натера Прибалтикот да затрепери – Литванија, Летонија и Естонија имаат значително руско малцинско население. Источноевропските лидери испратија апел за помош до Алијансата, но за жал сојузничкиот одговор не беше категоричен. Пред да замине за Велс, претседателот на САД, Барак Обама, ја посети Естонија, за да ја потврди решителноста за цврсто придржување кон членот 5 од Вашингтонскиот договор, како земја основач.

Членот 5 вели дека земјите членки се согласни дека вооружен напад на една или повеќе од нив во Европа или во Северна Америка ќе биде сфатен како како напад врз сите земји членки и секоја држава се согласува дека при таков напад стапува на сила правото за индивидуална или колективна заштита. Во меѓувреме, генералниот секретар Андерс фог Расмусен објави дека НАТО ќе почне изградба на воено присуство долж своите источни граници. Само што Германија, Италија, Франција и Шпанија, како помалку ранливи од балтичките држави, се повоздржани во спротиставувањата кон Москва.

За време на Студената војна, повикувањето на Членот 5 за колективна одбрана придонесе за одржување на релативниот мир во Европа. Само што за 21-от век Членот 5 не е особено актуелен, бидејќи војните веќе се непредвидливи и не се водат меѓу националните држави. Во денешно време се водат неконвенционални војни. Агресијата има нејасно потекло и го применува методот на инвазија со тенкови и бомбардирања од летала.

Како и многу од современите конфликти, така и војната во Украина е неконвенционална – воените сили се без обележја на некоја држава на своите униформи, но се претпоставува дека тоа се руски војници, од специјалните единици, кои се претставуваат како локални проруски сепаратисти, и кои ги помагаат востаниците во окупирањето на владините институционални објекти, во запоседнувањето на стратешките ресурси и во заплашувањето на локалното население.

Западот ја обвинува Русија, дека ги поддржува т.н. „зелени луѓе“, кои официјално и не се под руска команда, а со тоа и претседателот Владимир Путин нема одговорност за нивните дејствија.

Во Велс Сојузниците ќе треба одлучат за тоа како ќе го толкуваат Членот 5, ако „зелените луѓе“ почнат да се појавуваат во Прибалтикот, и против кого во таква ситуација всушност ќе се обединат. Според планираното, на средбата на вравот на НАТО во Велс, Алијасната треба да ги разгледа операциите во Авганистан, но фокусот се помести кон реакцијата против наднационалните терористички групи.

Расмусен веќе објави намера за засилено присуство на НАТО на исток, за испорака на техничка и финансиска помош на украинската војска и за усвојувањето на план за дејствување и борбена готовоност, кој ќе обезбеди евентуална брза реакција на Сојузниците во неопходен случај.

Сепак, НАТО е исправен пред порелевантни и поитни предизвици од Русија.

Во Велс лидерите ќе треба да ги разгледаат со големо внимание тие тешки прашања и самата иднина на Алијансата. Таа можност не треба да се пропушти.