Анализа: Дупките во правосудните реформи

И покрај сите нови законски проекти во правосудниот систем на Р.Македонија, вградување во правниот систем на меѓународни стандарди и норми, останува проблемот на нивна реализација и примена.

Основните принципи предвидени со Нацрт – стратегијата за реформа на правосудството со 5-годишен акциски план се системски реформи во областа на правосудството, враќање на довербата на граѓаните во системот, правда за сите, целосно владеење на правото, непристрасност и независност. Стратегијата добро го лоцира проблемот во правосудниот систем и укажува на потребата за темелни реформи, квалитет и брза ефикасност.

Рајнхард Прибе укажува дека „Грешките од минатото не смеат да се повторуваат и една форма на заробена држава не смее да се замени со друга. Сепак „експертот” Заев, на чело на телото, очигледно го зема во свои раце она со што професорите не можеа да се справат – партизацијата на судството. Властите не успеаа да покажат неопходна политичка волја за да се справат со прашањата што беа дефинирани во итните реформски приоритети. Резултати на полето на ефикасноста на судството остануваат во сенка заради неговата независност што резултира со низок степен на квалитет и недоверба на граѓаните во институциите на правосудниот систем.

Реформите во правосудството треба да се спроведат за да се постигнат целите од фамозниот план 3-6-9, кои ќе се постигнат само со стратегија за деполитизација и отфрлање на политичките притисоци. Но, партизацијата на судството е очигледна, потврдена од голем број на експерти и професори кои реагираат на чекорите преземени од новата власт за, како што велат, воспоставување целосна контрола на судството, а впрочем искажаните ставови се дека чекорите за правично судство и правда биле само еден параван за прикажување на лажна демократија. Имено, сѐ повеќе е очигледно дека нема поделба на извршната и судската власт што претставува спротивно на препораките од ЕУ и ПРИБЕ.

Судската и јавнообвинителската служба треба да бидат способни да постапуваат на независен и непристрасен начин (на тој начин да се избегне оставање впечаток, оправдан или не, за постапување со случаите на селективен и небалансиран начин). Но фактот дека се роди СЈО само по себе говори во каква криза ни е доведено правосудството, но и ветар во крилата за да се постигне рамнотежа и излез од кризата во која е Р.Македонија. Сепак, и функционирањето на СЈО, донесе разочарување кај граѓаните. Начинот на работа на СЈО на чело со Катица Јанева наиде на остри осуди кои велат дека таму не се работи по закон, туку по директива. Од друга страна барањето на СЈО за покренување на истрага има сериозни недостатоци и пропусти и се базира на стаклени нозе и е без докази.

Сепак, очигледно е дека судиите и обвинителите треба да одговараат за очетноста, а поверена им е и функција и тоа треба да биде доволен механизам, против обидите несоодветно да се влијае врз спроведувањето на правдата и правичноста. Но се додека во услови кога поделбата на власта на законодавна, извршна и судска е de facto суспендирана, се разбира дека не е можно да говориме за владеење на правото во Р.Македонија, a de facto de jure за жал и најдобриот Закон може да остане неимплементиран ако се нема политичка волја.