Финска е земја-членка на Европската унија, што ја дели најдолгата граница со Русија, која изнесува 1.340 километри. Сепак и покрај тоа таа не успева да ги привлече руските пари за да ја стимулира својата слаба економија.
„Финска не ги постигна своите цели. Не успеавме да привлечеме толку руски инвестиции колку што се надевавме“, вели професор Кери Лиухто од Паневропскиот институт на универзитетот во Турку.
Според Финската централна банка, Русите имаат инвестирано едвај 245 милиони евра во земјата во периодот од 2002 до 2012, што е пет пати помалку од 12,9-те милијарди евра, дојдени од Швеѓаните.
„Дури и да успееме да ги привлечеме руските инвестиции што поминуваат низ банките на ЕУ, тоа не ја менува целокупната перспектива“, истакнува економистот Хели Симола од Институтот за економиите во транзиција во Финската банка.
Од 2012 година Финска го удвои обидот да ги привлече руските пари. „Програма за забрзување“ ги финансира подготовките на големите странски инвестициски проекти. Организацијата „Invest in Finland“ вложи големи напори да ги пофали придобивките на земјата, особено правејќи го тоа на руски јазик.
Русите сепак се неодлучни. Според директорот на службата Туомо Аираксинен тие немаат информации и не знаат како да инвестираат во Финска. Покрај тоа, тие не го познаваат законодавството, ниту ризиците.
„За многу Руси, рускиот пазар во моментот е доволен. Познатото исто така игра улога, најголемиот внатрешен пазар, чие функционирање тие го познаваат, им е доволо“, анализирал Аираксинен.
Финска ги покажува на преден план своите предности, јасна правна рамка, добра инфраструктура, сигурен транспорт и логистика, а членството кон единствениот пазар може да направи од земјата влезна точка на корисниците од ЕУ.
Неколку руски инвестиции беа силно претставени во медиумите. На пример оние на нуклеарниот гигант „Росатом“, купувањето на спортска сала во Хелсинки од страна на руски милионери, како и изградбата на центарот за податоци од страна на рускиот интернет пребарувач „Јандекс“.
„Важноста на Русија ќе расте. Проектите кои беа реализирани во последните две или три години, го покажуваат тоа. Во продажбата на спортската сала ‘Лиухто’ се гледа одлична можност за лобирање, бидејќи хокеарска клуб ‘Џокерит’ ќе ја напушти финската лигата, за да се приклучи кон руската. Ова е одличен случај да ги обновиме контактите со руските олигарси, кои доаѓаат да ги гледаат натпреварите на руските тимови. Во Финска сме навикнати премногу на бизнис меѓу компаниите, додека во Русија трговијата се прави меѓу луѓето“,вели убедено Аираксинен.
Продажба на салата сепак предизвика остри реакции кај дел од финските фанови. А фактот дека Руси купуваат вили во Финска, претежно во источниот дел на земјата, наиде на лоши реакции од дел од финското население.
“Можеби навистина има предрасуди, но ние можеме повеќе, а овој однос не е пречка за трговската размена“, вели економистот Хели Симола.