Анализа: Јулија Тимошенко – Маченица која им ги уништи плановите на опозициските лидери

По бегството на Виктор Јанукович, во Киев триумфално од затворската болница во Карков, пристигна украинската Железна дама, противничка на режимот, Јулија Тимошенкоа, која веднаш ги најави своите претседателски амбиции. Но, дали Тимошенко е симбол на отпорот и жртва на деспотизмот на Јануковиќ, шампионката на Мајдан или пак, голем камен за сопнување што може да ги заостри односите внатре во победничката коалиција?

ukrajina_641906S1

Имено, од црниот чад од киевските трагични случувања излегоа, осветлени со рефлекторите на славата,  тројца нови лидери – некогашната бокс ѕвезда Виталиј Кличко, „Јулија наместо Јулија“ Арсениј Јацењук и водачот на радикалниот националисти Олег Тјагнибок. Дали овие тројца, кои ги ставаат главите на торба, подготвени да ја пропуштата во првиот ред Јулија Тимошенко која веќе ја зазеде позата на стожерен лик на новата постјанукович Украина?

И, дали времето на таа бескомпромисна волчица, некогашната миленица на Европа и украинска Евита Перон, поминало или се враќа на голема врата по нокаутот што го доби? Тимошенко ја „прокоцка“ својата „Портокалова револуција, што и’ се вбројува во големите гревови.

Беше арогантна на минатите претседателски избори 2010 година кога поради неподготвеност на коалицирањето со Виктор Јанушенко, нејзиниот воен другар од првиот Мајдан 2004, беше арогантна кон неколку негови постапки и ја изгуби борбата со Јанукович.

Тој доби 48,95, а таа 45,47 отсто од гласовите. Половина од гласачите на Јушенко, како што подоцна се покажа, од нив пет отсто не излегле на гласање и Јулија во фотофинишот остана пократка токму за тие 2,5 отсто. Тоа ја чинеше затвор. Уако нејзиниот затвор беше „чист“ што се однесува на криминал, тој сепак беше условен од политички причини на Јанукович.

Со Тимошенко веќе разговарала германската канцеларка Ангела Меркел, но како што пишуваат германските медиуми, разговорот бил „сув“, иако ја поканила во Берлин. Во германската влада кон Тимошенко владее скептицизам бидејќи пред 10 години беше „политичка надеж“, а потоа, многу разочарала. Според мислењето на еден од водечките украински политиколози Вадим Карасев, на изборите би можела да биде густо: ќе се кандидира Тимошенко (која ја има поддршката на САД, но и Русите немаат против), Кличко (Берлин ќе се определи за него), Тјагнибок и главниот финансиер на Мајдан тајкунот Павло Порошенко и еден од активните на Мајдан Олег Лјашко.Од другата страна на барикадите дури сега се одважи губернаторот на Карков, Михаил Добкин.

Тимошенко веднаш ги презеде конците во свои раце, иако во јавноста се појавува во инвалидската количка. Незината партија Баткившчина ја презеде власта во земјата. Олександар Турчинов е шеф на Врховната рака и в.д. претседател до изборите на 25-ти мај, Арсениј Јацењук најверојатно ќе биде премиер, а Арсен Аваков е в.д. министер за внатрешни работи. Но, зад аголот се и момците од Десниот сектор, парамилитарна десничарска организација која на својот грб го одработе главниот крвав удар со полицијата. И тие бараат некое топло место во власта за себе.