АНАЛИЗА: Како ќе заврши кризата во Украина?

Народот во Украина е поделен и се’ се  сведува на конфронтација, целата ситуација е поделена и зависи од тоа дали ќе се приклучи кон Исток или Запад, се вели во анализата на „Вашингтон Пост“. Но, додека сите се одлучуваат на која страна да се свртат, забораваат дека е најдобро за народот да се изгради мост меѓу двете.

Русија мора да сфати дека колку повеќе ја приблжува Украина кон своите граници, повеќе и’прави штета на Москва бидејќи токму таму се чувствува притисокот од Европа и Америка.

Западот пак мора да сфати дека за Русија, Украина никогаш не била странска земја.

Руската историја започува со она што се вика „Киевско-руско“. Од таму почнаа да се шири руската религија. Украина со векови била дела од Русија и нејзината историја почнува од таму. Едни од најголемите битки за слобода на Русија се воделе на украинска почва, почнувајќи од Битката на Полтава во 1709.

Црноморската флота, со која Русија воспостави моќ во Медитеранот, е сместена во Севастопол на Крим.

Дури и познатите  дисиденти како Александар Солженицин и Јосиф Бродски инсистираа на тоа дека Украина е составен дел на руската историја и на Русија.

Европската Унија мора да препознае дека нејзините бирократски претензии и стратегии на потчинување во односот со Украина ги претвораат преговорите во криза. Надворешната политика е уметност во воспоставување приоритети.

Украинците се тој одлучувачки елемент. Живеат во земја со комплексна историја и јазична сложеност. Западниот дел беше инкорпориран во Советскиот Сојуз во 1939 годна, кога Сталин и Хитлер ја поделија државата. Крим, каде 60 отсто од населенето се Руси стана дел од Украина дури во 1954 годна која Никита Хрушчов, Украинец по потекло,и го подари по повод одбележување на 300-годишнината од договорот на Русија со  Козаците.

Населението на западот се католици, додека на истокот се православни Руси, каде воглавно се говори рускиот јазик. Секој потег едното крило да биде доминантно над другото ќе заврши со граѓанска војна и распаѓање на државата.

Да се третира Украина како дел меѓу Истокот и Западот само повеќе ќе ги  разниша  односите меѓу Русија и Западот кои со децении се градат, посебно Русија и Европа и може да резултира со нарушување на целиот систем на меѓународни односи.

Украина е независна само 23 години, бидејќи почнувајќи до 14 век била под влијание на странски сили и правила.

Без изненадување, нејзините водачи никогаш не ја научиле уметноста на компромисот, а уште помалку значењето на историјата.

Политиката на пост-независност на Украина јасно покажува дека коренот на проблемот лежи во напорите на украинските политичари да ја наметнат својата волја во непослушните делови на земјата, прва од страна на една фракција, па потоа од страна на другите.

Од таму почнува и конфликтот меѓу Виктор Јанукович и неговиот политички ривал, Јулија Тимошенко. Тие претставуваат две крила во Украина и не покажуваат волја да ја поделат моќта.

Мудрата политика на САД кон Украина ќе бара начин како да соработува со двете крила. Тие ќе бараат помирување, а не доминација на една фракција.

Досега, ни Русија, ни Западот не функционирале на овој начин во Украина и поради тоа само повеќе ја влошуваат ситуација. Русија нема да може да наметне воено решение без да ги помести своите граници, за да се чувствува посигурна. За Западот, демонизацијата на Владимир Путин не е политика, тоа е само алиби за отсуството на еден. Затоа, Путин треба да сфати дека настојувајќи за воена интервенција може да предизвика Студена Војна.

Но, исто така, за да се избегне нова војна, Америка треба да прекине да и се заканува на Русија и да ги почитува правилата воспоставени од страна на Вашингтон.

Путин е сериозен стратег кој секогаш се повикува на руската историја, па затоа и не ја разбира психологијата и вредностите на американската власт. Истото и е кај американските законодавци.

Лидерите од двете страни треба да се насочат кон испитување на резултатите, не натпревар кој има поголема моќ.

Врз онова на сите податоци и политика, според аналитичарот на „Вашингтон Пост“ ова се можните решенија на украинската криза:

1. Украина мора да има право самостојно да ги креира своите економски и политички асоцијации, дури и во Европа.

2. Украина не треба да се приклучи на НАТО, одлука донесена пред седум години.

3. Украина треба да биде слободна да ја создаде својата Влада врз основа на волјата на народот. Украинските политичари треба да се мудри и да работат на помирување на фракциите во земјата. На меѓународно ниво, тие треба да водат политика слична на финската. Нацијата треба да живее без двоумење за својата независност и да соработува со Западот, и внимателно да ги избегнуваат провокациите од Русија.

4. Не е компатибилно со законите на светот Русија да го анектира Крим. Но, има можност да односите меѓу Крим и Ураина да ги воспостави на основно ниво. Дури, Русија може да признае суверенитет над Крим. Затоа, Украина би требало да оди на избори со странски набљудувачи, за да добие суверенитет над Крим. На тој начин ќе се расчистат сите нејасностии околу островот во Црното Море.

Но, ова се принципи, а не рецепти за решавње на украинската криза, но дали се успешни, наскоро ќе дознаеме.