АНАЛИЗА: Клучните моменти од случајот Дарко Шариќ

Шефот на нарко мафијата, Дарко Шариќ, кој утрово беше уапсен во заедничка акција на полицијата на Србија и Црна Гора, во јавноста, поточно во медиумите, за прв пат се „појавува“ во октомври 2009-та година, кога агенциите пренеле дека полицијата на Уругвај запленила 2,8 тони кокаин на јахтата „Мауи“, под британско знаме, во пристаништето Сантјаго Васкес, 25 километри западно од Монтевидео.

Тогаш биле уапсени две лица, еден од Уругвај, а другиот Србин, кои се обиделе кокаинот од јахтата да го префрлат на прекуокеански брод, чија крајна дестинација била западна Европа.

Товарот со дрога е пресретнат во рамки на заедничката акција „Балкански војник“, американската агенција ДЕА, српска БИА и полицијата на Уругвај.

Паралелно, белградската полиција уапсила припадници на групата на Шариќ кои што биле затекнати во Србија. Во јануари 2010-та година за Дарко Шариќ е распишана меѓународна потерница.

Според пишувањето на весникот „Побједа“ од Подгорица на 25-ти јануари 2010-та година, а повикувајќи се на неименувани извори од полицијата, Дарко Шариќ, последен пат бил забележан десет дена претходно,   по што ја напуштил Црна Гора, и од тој момент му се губи секаква трага. Истиот весник подоцна напишал дека Шариќ побегнал во Швајцварија.

Мило Опарница, шеф на Националното биро на Интерпол во Србија, открил дека на 15-ти февруари 2010-тата година, во текот на гостувањето на српската телевизија „Б92“, дека полицијата почнала да го следи Дарко Шариќ уште во 2000-тата година, поради перење пари, што најверојатно беше почеток на расплетот на овој случај.

Во февруари 2010-тата година од Управата на полицијата на Црна Гора било соопштено дека Шариќ, осомничен во Србија за шверц на кокаин, ја напуштил територијата на Црна Гора, неколку дена пред црногорското биро на Интерпол била доставена меѓународна потерница.

Опаница потоа открил дека до Србија најмалку 15 земји доставиле информации за лидерот на најголемиот нарко клан во овој дел на Европа, Дарко Шариќ. Тој споменал дека медиумите шпекулираат за престојот на Шариќ во Чешка, Словачка и Швајцарија, коментирајќи дека Шариќ бил „активен“ во повеќе од пет држави.

Поврзаност со државните функционери

Обвинителството за организиран криминал на Србија на 13-ти април 2010-та година подигна обвинение против групата на Шариќ. Еден ден подоцна, државниот секретар на Министерството за правда, Слободан Хомен, изјавил дека суштината на борбата против нарко- кланот на Дарко Шариќ и останатите криминални групи откривање на нивните врска со одредени државни функционери од јавни фирми, како и носители на државни функции.

По Хомен, голем број поранешни политичари станале успешни бизнисмени и тоа веднаш откако ја напуштија политиката. Како прв чекор ја навел измамата на тековите на пари во фирмата „Маестрал турс“.

Според него, „Маестрал турс“, меѓу останатото, сопственик на два хотела во Нови Сад „Војводина“ и „Путник“, а хотелите во Војводина се купувани преку фирмата „Палис“.

Според пишувањето на српски „Блиц“ од април истата година, Дарко Шариќ обвинет за шверц на голема количина кокаин во текот на 2009-та година, соработувал и со Ѕвездан Терзиевиќ, поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, за кој е распишана потерница поради незаконски трансфер на четири фудбалери. Во текстот се наведени состаноците на Шариќ и Терзиќ во еден од најелитните хотели на Црногорското приморје.

Белградскиот весник „Пресе“ во мај 2010-тата година пишувал дека Шариќ и членовите на неговиот клан, на почетокот на 2010-тата година, направиле план за ликвидација на најголемите државни функционери на Србија, оперативецот на полицијата и БИА, за што бил подготвен буџет од 30 милиони евра, со кои што би требало да им бидат финансирани акциите за собирање информации за лицата кои работат на акцијата „Балкански војник“, како и застрашување, подготовка и извршување на ликвидација. До овие податоци дошле оперативците на српската полиција и службите за безбедност.

„Испрал“ повеќе од шест милиони евра

Специјалниот обвинител Милко Радосављевиќ на шести август 2010-та година покрена ново обвинение против Шариќ и уште осум лица поради перење на повеќе од 20 милиони евра од продажба на кокаин.

Радосављевиќ изјавил дека законската казна за перење на пари во овој обем се меѓу и 12 години затвор. Обвинителот навел дека парите од продадената дрога биле вложени за купување земјоделска опрема и хотели во Војводина, како и други фирми во приватизацијата во Србија.

Според пишувањата на медиумите, Шариќ со купување и приватизација на фирмите испрал повеќе од 4,3 милиони евра и повеќе од 200 милиони српски динари, што е вкупно повеќе од шест милиони евра. Станува збор за пари кои се вложени во приватизација и финансирање на хотелите „Путник“ и „Војводина“ и на фирми во Сремска Митровица.

Медиумите пишувале дека главниот соработник на Шариќ за основање и управување со оф- шор компании бил Предраг Милосављевиќ, кој како финансиски експерт бил ангажиран во фирма на Шариќ.

На крајот на август 2010-та година поранешниот шеф на „Хипо Алпе Адриа“ банката, Тило Берлин, кој управувал со оваа институција од 2007-ма до 2009-та година, во време кога сопственик бил германската фирма „Баерн ЛБ“, изјавил дека не го познава Дарко Шариќ. Него претходно виенскиот дневник „Естерајх“ го обвинил дека му овозможил на Шариќ преку „Хипо“ банката да испере 100 милиони евра.

Според весникот, оваа банка испрала 100 милиони евра, при што овој весник се повикува на интерен протокол и истрага на српските власти, во кои наводно имал увид, а според кои Шариќ преку оф- шор компании вложил околу 100 милиони евеа на сметките на „Хипо“, претежно во Лихтенштај, а паралелно добил кредит во висина од 81,56 милиони евра од „Хипо груп“ од Холандија, а сестринската компанија „Хипо Алпе Адриа Интенешнл“ му одобила кредит во висина од 17,9 милиони евра. Овие кредитни линии, наводно, се слеале на сметката на фирмата „Блок 67“, која што греадела комплекс станови „Белвил“ во Белград.

Петто обвинение и апсење на братот

Во октомври 2010-та година во Црна Гора на основа на италијанска потерница, уапсен е братот на Дарко Шариќ, Душко. Потерницата го товари дека во Италија бил организатор на група која што во таа земја препродавала кокаин.

На крајот на октомври следната година, специјалното обвинителство го подигна петтото по ред обвинение против Шариќ и неговите најблиски соработници.

Новиот идентитет во Африка

Според тврдењата на јужноафриканскиоит новинар Џон Растен, Шариќ во 2007-ма година, себе си обезбедил нов идентитет во Јужноафриканската Република, каде е впишан во матичната книга на родените како јужноафриканец Бур Јан ван Хусел со место на раѓање во Стеленбуш, провинција во западен Кејп.

Според пишувањата на српски „Блиц“ од 24-ти февруари 2014-та година, безбедносно информативната агенција ја информираше американската ДЕА дека постојат „кртови“ во српската полиција по пропадната полициска акција за заплена на дрога на кланот на наркобосот Шариќ во март 2009-та година.

Тогаш се’ било подготвено за реализација на акцијата за заплена на дрога на кланот Дарко Шариќ и Родољуб Радосављевиќ, познат како Мишо Банана. Постоеле информации дека кокаинот требало да се префрли на бродовите на Радосављвиќ. Но, полициската акција пропаднала, а подоцна било утврдено дека информацијата проструила од Министерството за внатрешни работи на Србија.

Специјалниот суд во Белград на 26-ти февруари оваа година изрече мерка одземање на пасошот на адвокатот од Нови Сад, Радован Штрбац, кој се сомничи дека на припадниците на кланот на Шариќ им пренесувал полициски информации за следење и прислушување, кои ги добила од Бранко Лазаревиќ, тогашен шеф на кабинетот на Ивица Дачиќ.

На Штрбац пред Специјалниот суд му се суди поради обвинение дека перел пари за Дарко Шариќ, така што со парите од кокаинот купувал фирми и земјоделско земјиште во Војводина. Но, тој на главниот претрес во февруари 2011-та година тврдел дека фирмите ги купувал за себе, а не за Шариќ, како и дека со неговото име се служел поради авторитет.

Шариќ во 2005-та година добил српско државјанство на Србија, српски пасош и лична карта, што спордд, најавите на српските претставници, е предмет на истрага.