Анализа на Алфа: Пад на рејтингот на СДСМ, дали предвремени избори се спас за да се остане на власт?!

159

Анкетите го загрижуваат врвот на СДСМ. Затоа сѐ уште се тактизира и се одложува одлуката дали ќе има двојни избори. Алфа од извори блиски до врвот на владејачката партија дознава дека последните мерења на рејтингот покажале дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ води кај вкупниот број гласачи, а разликата е посебно изразена само кај Македонците.

Во СДСМ се кршат копјата околу двете варијанти. Дали штетата би била помала доколку се оди на предвремените избори и да се пресретне падот на рејтингот пред тој да стане драматичен, или да се остават уште две години период во кој што ќе се обидат да го поправат имиџот во јавноста – ќе се заборават договорите со Грција и Бугарија, но и ќе се одработат гласачите со зголемување на платите, отписи на долгови и други популистички мерки. Официјално, од СДСМ само признаваат дека ставовите им биле спротивставени.

Дали е време сега, имајќи ги во предвид реформите кои што следуваат во Република Македонија, и процесите пред се во делот на почеток на преговори со ЕУ, дали треба тие преговори да бидат стопирани со неколку месечно трошење на енергија во евентуални предвремени парламентарни избори. Ќе се измери добро и ќе се донесе најдобрата одлука, рече Бетиане Китев, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Досега не се случило олку бргу пред одржување на какви било избори да нема официјално објавени мерења на јавното мислење.

Сепак освен падот на рејтингот, на СДСМ не му оди во прилог да се оди и на предвремени избори фактот што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е поделена по гласањето за уставните измени. Секое поинакво сценарио би значело силна и монолитна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, ВМРО ДПМНЕ неколкупати побара предвремени парламентарни избори, а иницијативата ја поднесе и во Собранието. СДСМ пак неколкупати ја одложува одлуката, а конечно ќе пресече на 3 март за кога е закажан партискиот конгрес на кој треба да биде избран кандидатот за претседател.

Извор: Алфа

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.