9.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Анализа на КУРИР: По поразот од Иванов, за Пендаровски на повидок нов од Силјановска Давкова?

Стево Пендаровски на претстојните претседателски избори е заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ. Откако беше поразен на минатите избори од актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов, тој влегува во нова трка, каде освен на таа која ја доби, се надева и на поддршката од албанските гласачи, пишува во својата анализа проталот Курир.мк.

Но, Пендаровски е политичар од кој многумина се разочараа и за него не штедат критики. Освен што ја нема нивната поддршка по кандидатурата, Пендаровски нема да го добие ниту нивниот глас на изборите.

Од вчера, по официјалното објавување на кандидатурата, социјалните мрежи вријат од одговори на прашањето „Дали Пендаровски заслужува втора шанса“? Меѓу нив се и бројни новинари и лица од јавниот живот.

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци напиша:

-„ОД ПОРТПАРОЛ ВО ВМРОВСКА ВЛАДА И СОВЕТНИК НА ВМРОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА Македонија ДО КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ на Северна Македонија

Пред 5 години, Стево Пендаровски, доби 400.000 органски гласови како кандидат на СДСМ. Во време грујово, кога небото беше темно, од луѓе кои навистина веруваа во него. Иванов доби 540.000 и го победи во втор круг.

Во 2019 година тој е заеднички кандидат на СДСМ-ДУИ. Со огромен багаж врз себе. Од не/работењето на двете партии чиј кандидат е, обременет со сенки, со опскурност, сокриени криминали од неговите партиски пријатели, нагрнат со изневерени очекувања.

Одбројуваме.
Броиме изгубени гласови.

П.С Покоен Борис Трајковски, чиј советник беше Пендаровски, за СДСМ отсекогаш беше нелегитимен. Поради тоа го нарекуваа ,,граѓанинот”, за во 2019, во очи избори, да му се поклонат на визиите.
Морбидно“.

Ставовите на други новинари, политичари и аналитичари, погледнете ги во продолжение.

     

Според реакциите од јавноста, Пендаровски кој веќе беше поразен од Иванов, го очекува и нов пораз на претстојните избори, од Гордана Силјановска Давкова.