Првиот состанок на американскиот претседател Барак Обама и папата Франциско кој денеска во Ватикан започна со зборовите на длабоко меѓусебно уважување. Ова претставува добра прилика, за и покрај различните ставови кога станува збор за морални прашања, да бидат испратени пораки за мир и заедничка заложба за социјална правда, наведуваат западните агенции.
„Добредојдовте господине претседателе,“ изјави поглаварот на Римокатоличката црква пречекувајќи го Обама кој двапати се заблагодари на добредојдето, јави италијанската агецниј Анса за почетокот на средбата.
„Ви се воодушевувам,“ му кажал Обама на папата.
Обама дојде во судир со хиерархијата на Католичката црква во САД, поради поддршка на абортусот и истополовите бракови, додека папата, ставaјќи до знаење дека католичката доктрина нема да се промени по тие прашања, користеше помек јазик во однос на неговите претходници.
Сепак, заеднички именител меѓу Обама и филозофијата на папата е определноста за борба против сиромаштијата и порастот на нееднаквоста во светот.Тоа е добра основа за разговор, којa ќе приднесе за надминување на повеќегодишните тензии.
Од изборот за папата пред една година, Франциско неколку пати гo критикуваше капитализмот, последиците од глобалната финансиска криза и растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните дури и во развиените земји.
Обама повеќе пати го пофали папата поради неговата милост и помагање на сиромашните, наведува Ројтерс.
Кога Обама се сретна со претходникот на Франциско Бенедикт, 2009 година, тогашниот папа зборуваше за абортусот, чувствително прашање за многу американски Католици, имајќи предвид дека црквата тоа го смета за тежок грев. Потоа, Обама вети дека ќе направи се за да го намали бројот на абортусот.
Американските официјални лица сакаат папата да гo посети САД за да разговараат со католичките семејства во Филаделфија. Во 2015 година, како што најавуваат американските црковни официјални лица, ќе упатат отворен повик до папата.
Барак Обама кој е Христијанин, својата вероисповед ја смета за лична работа и ретко ја посетува црквата во Вашингтон. Сепак секојдневно прима „молитвени пораки“ од еден неформален духовен советник, главно базирани на Светото писмо, пишува Ројтерс.