Германија, која е најголема економија во Европа, е поделена во однос на тоа дали социјалниот систем на земјата е под закана да биде искористен од работниците од Романија и Бугарија, кои од први јануари имаат право да живеат, работат и бараат помош во секоја земја од Европската унија, како и сите други европски граѓани.
Минатата недела Германската асоцијација на градови се вклучи во дебата со предупредување против Христијанско социјалистичката унија (ХСУ), кои создаваат „погубен впечаток дека сите Бугари и Романци, кои доаѓат во земјата се социјални имигранти и дека многумина од нив се тука за да го мамат социјалниот систем“.
Според германскиот магазин „Дер Шпигел“, ХСУ, кои се баварски сојузник на Демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел, ја разгоруваат дебатата, спорејќи дека на неквалификувани работници од Бугарија и Романија не треба да им се дозволува пристап до великодушниот систем за социјална помош на Германија.
Ханс – Петер Драјдриг, поранешен министер за надворешни работи, поведе дебата против т.н. „социјална миграција“. Политичарите од партијата на Меркел исто така се критични.
Елмар Брок, истакнат член на ХДУ во Европскиот парламент, вели за популарниот весник „Билд“:
„Доаѓајќи во Германија имигрантите само за помош за невработени, деца и здравствено осигурување треба да бидат вратени брзо во нивната татковина.“
Покрај тоа, Федералната агенција за вработување на Германија посочува дека „во моментов има малку индикации поврзана со имиграција на сиромашните од Романија и Бугарија“ и службата е оптимист за иднината.
„Ние очекуваме еден од двајца нови имигранти да дојде со образование и искуство“, коментира Хајнрих Алт, член на извршниот одбор на агенцијата.
За да определи дали се злоупотребува системот за социјална помош на Германија од Романци и Бугари, федералната влада формира специјална комисија од високи претставници од повеќе министерства.
„Ние треба да ги елиминираме сите погрешни стимулациии во социјалниот систем кои може да ја охрабри имиграцијата“, вели Гунтер Кринг, виш службеник во Министерството за внатрешни работи за весникот „Пасер неу пресе“.
Објавените податоци од германскиот Институт за анализа на вработувањата, служба во Федералната агенција за вработување, покажуваат дека само 0,6 отсто од примателите на долгорочна помош се Бугари и Романци. Останува да се види дали бројот ќе се зголеми во текот на 2014 години.