Анализа: Потешкотии за грчкото претседателство со ЕУ

62

Грција, која се наоѓа во криза, од јануари го презема шестмесечното претседателство со Европската Унија, со важни избори во очекување, а земјите членки разделени во однос на деликатните напори за банкарска унија. Во дополнение кон значителни економски и политички проблеми на Грција, овие прашања може да се покажат како голем предизвик за грчкото претседателство, сметаат аналитичарите.

На изборите за Европскиот Парламент во мај, евроскептиците и крајнодесничарите се очекува да освојат многу гласови, кои што може да и’ наштетат на политичката агенда на Унијата  во следните пет години.

Самата Грција треба да спроведе локални избори на 18-ти и 25-ти мај, кои што веројатно ќе им донесат подем на политичките партии кои се противат на владејачката коалиција и економскиот договор со тројката кредитори – Меѓународниот монетарен фонд, Европската Унија и Европската централна банка.

Водечката меѓу тие е левата опозициска партија Сириза, која се јавува како најпопуларна во земјата, според многу истражувања на јавното мислење.

Владејачката коалиција прима удари поради продолжување на кратењата, а мнозинството од 300 пратеници во парламентот падна на 152 претходно овој месец. И има шпекулации дека коалицијата составена од конзервативците и социјалистите, кои брзо губат на доверба, може и да не издржи уште една година, принудувајќи го премиерот Андонис Самарас да распише предвремени избори на есен, па дури и порано.

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, неодамна посочен за радикален лев кандидат за претседател на Европската комисија, ветува дека ќе прекине многу од мерките за штедење на расходите и зголемување на даноците, наложени како дел од заемот за Грција.

Многу позлокобна закана доаѓа од „Златна зора“, распаднатата неонацистичка партија со сериозни криминални дела, вклучувајќи убиство и изнуда. Раководството на партијата е во затвор, очекувајќи судење, а против неколку нејзини пратеници е покрената обвинение. И покрај тоа партијата е на третото место во анкетите и може да добие и градоначалничко место пред се’ во сиромашните земјоделски региони.

 Фокус на растот и миграцијата

Знаејќи, дека нелегалната миграција е клучен фактор за подемот на „Златна зора“ во Грција и другите крајнодесничарски сили на континентот,  Атина ја направи политиката за границите дел од приоритетите на својата власт.

Европските власти очекуваат акцентот да биде ставен на социјалните проблеми, пред се’ невработеноста на младите, за да ги смират гласачите. На дневниот ред ќе биде и новиот банкарски сојуз. Успешно грчко претседателство ќе и’ овозможи на Атина да покаже дека Европа има конкретни одговори на очекувањата од јавноста.

Претходно овој месец Самара изјави дека грчкото претседателство ќе се фокусира кон зголемување на растот, контрола на имиграцијата и решавање на поморските проблеми. Во петото претседавање со ЕУ од присоединувањето во 1981 година, Атина планира да биде домаќин на 14 министерски средби и уште 120 други средби во првата половина од 2014 година.

Грција, кој се уште добива помош од ЕУ и ММФ за да и’ функционира економијата, ветува дека ќе организира „спартанско“ претседателство.

Грција го презема претседателството од Литванија на осми јануари, кога 28-те комесари на Европската Унија ќе се соберат во Атина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.