Анализа: Путин не сака војна на Крим

Претседателот на Русија, Владимир Путин не сака ситуацијата на Крим да дојде до точка кога ќе бидат неопходни воени дејствија, а ако САД покажат подготвеност да употребат сила, тој ќе отстапи, смета директорот на украинскиот Центар за истражување на армијата, конверзијата и разоружувањето, Валентин Бадрак.

„И покрај малциозната политика на Путин, мое длабоко убедување е , дека тој не планирал и не планира да ги доведе нештата до војна. Неговата задача е смена на власта во Киев и Крим, по можност без крвопролевање“, вели Бадрак.

„За Украина исто така тоа значи дека биде поставена на колена. Путин не очекуваше да сретне толку сериозно противење на Крим. Се разбира, не очекуал и толку тврдоглаво спротивставување на меѓународната заедница“, анализира Бадрак.

Тој смета, дека победата на Украина може да зависи од две нешта – меѓународната заедница и предноста во информативната војна.

„Ако САД покажат подготвеност да и’ помогнат на Украина не само со зборови, но и со сила. Путин веднаш ќе отстапи. Тој веќе се колеба, покрај тоа што е неадекватна личност“, посочува Бадрак.

На прашање дали Украина може да очекува таква помош од Вашингтон аналитичарот одговар: „Испраќањето на бродови или авиони во близина на нашата територија е многу добар сигнал, но уште подобро би било јасно предупредување кон Путин, дека во случај на крвопролевање САД ќе се вмешаат.“

Според Бадрак, Путин не сака да биде изолиран до меѓународната заедница, но се уште се чувствува силен во военото однесување. Претседателот, исто така, не знае до каков степен ќе се вмеша меѓународната јавност.

Сега Путин дава предноста на овие две нешта – создавање на непријателски однос кон Украинците и идејата дека Украина не располага со армија. До извесен степен постигна успех во однос на првата точка, смета Бадрак. Што се однесува до украинската армија – таа навистина е слаба, но духот на војниците е многу повисок од оној на Русите, вели Бадрак.

„За Путин тоа беше шок. Тој би сакал да влезе во Киев како херој“, дополнува Бадрак.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.