АНАЛИЗА: Путин врти околу Иран, и ја чува Сирија

Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, детално ќе ја разгледаат ситуацијата во Сирија, во Либија и последните случувања во Иран – убиството на генералот Касем Сулејмани и ракетниот напад на Техеран врз американските воени бази во Ирак, пишува рускиот весник „Коммерсант“, пренесува НетПрес.

Путин во Истанбул допатувал од Дамаск, каде имал средба со сирискиот претседател Башар Асад. Но, дали неговата посета на Сирија е планирана и поврзана со последните случувања на Блискиот исток, не се соопштува. За Москва е многу важно да го предупреди Дамаск дека не сака Сирија да се претвори во територија на конфротација меѓу Иран и САД, како и истовремено јавно да демонстрира поддршка за Башар Асад, и тоа сред Истанбул, иако Турција не го признава за лидер, „способен да ја води земјата кон иднината“.

Повторно зоната Идлиб

Посетата на Путин на Турција е поврзана со церемонијата за пуштање во употреба на гасоводот „Турски тек“, чија изградба почна во 2014 година. Со овој гасовод се обезбедени доставки на природен гас за Турција, Бугарија, Србија и Унгарија. Тој е еден од пректите кој ги натера Москва и Анкара да преминат преку многу сериозни политички разидувања и да побараат заеднички интереси кон случувањата на Блискиот исток.

Ситуацијата во Сирија веќе три години е традиционална тема за разговори меѓу Путин и Ердоган. Сојузот меѓу Турција, Русија и Иран, познат како „Астанскиот формат“, сериозно го измени распределувањето на силите во Сирија, овозможувајќи голем дел од територијата на земјата да биде ставен под контрола на Дамаск, како и да бидат започнати преговори за политичката иднина на државата. При тоа Анкара во континуитет продолжува да не ја гледа индината на Сирија на чело со сегашниот претседател Башар Асад. Оттаму од големо значење е посетата на Путин во вторник на Дамаск, на неговиот пат кон Истанбул.

„Путин ја посети Сирија – тоа е работа на Русија. Ако тој има забелешки, тогаш ќе ги сподели со нашиот претседател. Нашата позиција е јасна: ние гледаме дека Асад не е тој лидер, кој е способен да ја поведе земјата кон иднината“, изјави Ибрахим Калан, портпарол на турскиот претседател.

Тој потенцира дека ситуацијата во Идлиб – последната од четирите сириски зони на деескалација, договорени во 2017 година од „Астанската тројка“, а која сеуште не е предадена во владение на Дамаск, ќе биде една од главните теми на разговорите.

Дамаск е силно заинтересиран за враќање на целата територија под своја контрола, но и да избегне стотици, ако не и илјадници жртви, како и огромни бранови бегалци кон Турција, ное тоа едноставно е невозможно.

Спорот во однос на другите зони на деескалација беше решен со договори со лидерите на вооружената опозиција, а сега противниците на сирискиот режим нема повеќе каде да отстапат.

Досега два пати – во септември 2018 и во октомври 2019 година – претседателите на Русија и на Турција потпишаа дополнителни согласности во однос на Идлиб, кои предвидуваа голема воена операција во таа зона. Но, сепак голем дел од договореното остана нереализирано. Летово, пак, сириските сили почнаа воена операција во Идлиб, и суштествено ги сменија границите на зоните на деескалација.

Последната етапа на воените дејствија беше на 19 декември. По пет дена, Генералштабот на вооружените сили на Сирија нареди ослободување на околу 40 наелени места, кои беа под контрола на терористи. При тоа Дамаск и руските воени сили потенцираа дека операцијата е всушност одговор на дејствија на терористите, кои во континуитет напаѓаат населени места, соседни на зоната Идлиб и се закана за руската авиобаза „Хмејмим“. Само во последните 15 дена, руските и турските сили регистрирале около 15 нарушувања на договорот за прекин на огнот во Идлиб.

Според податоци на Обединетите нации, од мај лани, како резултат на воени дејствија, околу 400.000 цивили биле принудени да ги напуштат своите домови , а околу 1.300 загинале во воздушните напади на сириската и на руската авиација, и во престрелки на двете завојувани страни во конфликтот.

„Моментно меѓу 200.000 и 250.000 мигранти се на пат кон нашите граници со Сирија“, изјави Ердоган минатат недела.

Тоа е ноќната мора на Анкара.

Договорите за Сирија се распространуваат и врз Либија

Очегледно е дека Анкара и Москва ќе треба да бараат нов компромис за Идлиб.

Претходните договори вклучуваа премолчен обем на контрола на територијата во северниот дел на Сирија. Но, од неодамна, експертите на исклучуваат дека сега руско-турските договори ќе бидат поопширни и распространети не само во Сирия, туку и во Либија. Да потсетиме дека на почетокот на јануари, Анкара испрати во Либија свои воени сили под изговор дека таму има закани од платеници од Судан.

Во декември, Ердоган изрази желба да ја разгледа ситуацијата во Либија заедно со Путин. Според турскиот претседател, Русија не треба воопшто да смета на фелдмаршалот Хафтар. Москва, од друга страна, не обрнува никакво внимание на изјавите на западните земји, при тоа потенцирајќи дека подржува контакт со сите учесници во либискиот конфликт. Во експертската јавност веќе се разгледува можноста за распространување на „Астанскиот формат“, каде голема е веројатноста местото на Иран да биде земено до Алжир.

Закана од нова војна на Блискиот исток

Преговорите за Сирија и Либија, исто така, може да се преместат во заден план, во однос на заканата од нова војна на Блискиот исток меѓу САД и Иран. Откако САД го убија генералот Касем Сулејмани, командант на иранскииот специјален одред „Ал Кудс“, Иран вети одмазда.

Во ноќта меѓу вторникот и средата, Корпуса на стражите на исламската револуција (КСИР) изврши ракетни воздушни напади врз воени американски бази во Ирак. Според официјални информации, истрелани биле 22 ракети. 17 од нив паднале врз воената база „Ајн ал Асад“, а од нив две не експлодирале. Пет ракети паднале во реонот на Ербил. САД тврдат дека во нападот нема загинати американски и ирачки војници. Веднаш по воздушните удари, претседателот на САД, Доналд Трамп, на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ напиша дека проценките за загубите и штетите се во тек и дека тој ќе даде изјава за јавноста во среда наутро, по американско време.

„Се’ е добро!“, напиша Трамп.

Од друга страна, министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф, исто така на „Твитер“, објави дека нападите се пропорционални и дека Иран не сака конфликтот дополнително да ескалира.

Иранската телевизија „Press TV“ објави дека 80 лице биле убиени во ракетниот напад. Досега нема официјална потврда за тоа. Во секој случај, иранската армија предурпеди дека ако Вашингтон реагира на ракетниот напад, Техеран ќе одговори со напади директно на американска територија.
Исто така, закана за напади беше упатена и до американските сојузници во регионот, во случај на бомбардирање на иранска територија – тоа се арапските монархии од Персискиот залив, каде се наоѓаат главните американски воени бази, како и Израел.

В случај на војна од поголем обем во Блискиот исток, експертите прогнозираат зголемување на терористичките активности, како и тоа дека и онака тешката ситуација во Ирак и во Сирија, може многу лесно да излезе надвор од контрола. Со тоа политичкото уредување таму може да биде заборавено за долго време.

Ниту Русија, ниту Турција, како и сите други меѓународни играчи, не се заинтересирани за хаос и од своја страна се подготвени да направат се’ што е можно, за да спречат негативно сценарио. За Москва, една од главните задачи е да го спречи претворањето на територијата на Сирија во поле на судир меѓу САД и Иран. Потсетуваме дека во Сирија има илјадници групи на Шиити, силно контролирани од Техеран. И на крајот на краиштата, од територијата на Сирија најлесно е да се нападне Израел.